Сакам да го слушам ритамот на твоето срце и празнината меѓу отчукувањата
Би сакала да седам покрај прозорецот
Веднаш до тебе,
Да го слушам ритамот на твоето срце
И празнината меѓу отчукувањата,
Да научам да те ценам како музиката.
Би сакала да се прошетам со тебе,
Да пешачам таму каде ти ќе посакаш.
Да се движиме длабоко во ноќта на месечева светлина,
А утрото да јадеме омлет.
Би сакала да играме танго со нашите јазици
Некаде во некоја далечна земја.
Бавно да танцуваме на песокот под нашите нозе.
Би сакала да потонам во твоите длабочини,
Да заборавам на моите стравови,
Да не се плашам од темнината,
Да те вдишувам,
Да влегувам во екстаза од твоите опојни мириси.
Би сакала да гледам длабоко во твоите очи,
Да ја набљудувам твојата насмевка,
Да го слушам твојот здив,
Додека го губам мојот по тебе.
Би сакала да се качувам на најголемите височини со тебе,
Да се губам во синилото на небото
И темнината на морето.
Да гледаме филмови заедно,
Во темнината на кино салата,
Таму на крајните редови.
Би сакала да пијам вино со тебе
И да слушаме музика
Шопен да одѕвонува низ воздухот.
Би сакала да се изгубам со тебе
И во тебе.
Да заборавам на времето,
Сите часовници да се стопат,
Додека го слушаме тропотењето на возот.
И да станам похрабра.
Да станам цело,
Со тебе.
Н. Г. | Црнобело