Работите кои ги обожавам кај тебе, сега кога старееме...
Се будам покрај тебе и те гледам како спиеш, како мирно сонуваш со насмевка на твоето лице.
Првите зраци на изгрејсонцето нежно паѓаат на твоето лице, бришејќи ги линиите на крајот од твоите очи, оставајќи мек отсјај на твоите образи.
Меѓу чаршафите, со едната рака подигната под глава, замотан во чаршафите чекаш да дојдам до местото кое резервирано само за мене. Чекаш да дојдам да се стуткам во твојата топлина.
Моите прсти поминуваат по линијата на твоите усни и цврстината на твојата вилица, потоа го следат твоето рамо и раце.
Оние раце кои цврсто ме држеле, кои биле тука за мене и во добро и во лошо. Кои држеле и мали детски раце, кои чекале да пораснат. Кои ги тешеле насолзените очи на децата кои одамна пораснале.
Се присетувам кога беше млад, од слики од мемории од стари сеќавања, се сеќавам на твоите долги нозе и силни раменици.
Сфатив дека силината на мажот не е во тоа колку е исправена неговата става, колку цврсти мускули има, туку во силината да го издржи срцето на жената и неговите деца.
Ги затворам очите и го чувствувам твоето срцебиење. Твоето срце е срце на силен човек, срце кое ритмички отчукува, доволно силно да застане на страната на правдината, но и доволно меко да ги почувствува радоста и болката.
Да ја почувствува безграничната љубов која се продлабочува со секоја помината година.
Научени сме дека стареењето е процес против кој мораме да се бориме, но тоа не е вистина.
Постои посебна, уникатна убавина во можноста да научите дека најголемите работи во животот, всушност не се работи, не се нешто материјално и опипливо, а брчките се само мала цена која мора да се плати за годините на насмевки и изгрејсонца.
Годините нè научија да ги цениме моментите кои ги имаме. Не може да ставиме цена на лекциите кои ги научивме, на сите храбри моменти кога сме оделе против бурата знаејќи дека сонцето ќе изгрее некаде во далечината.
Знаеме како да се држиме до оние кои гледаат во длабочината на нашата душа, кои ги гледаат нашите маани и покрај нив, продолжуваат да чекорат заедно со нас.
Одеднаш ги отвораш очите, велејќи: „Го обожавам твојот допир“ со истиот нежен глас кој ме топел милион пати досега.
Се доближувам до тебе за да го почувствувам твојот мирис и длабоко потонувам во него.
И знам дека ова е среќа.
Н. Г. | Црнобело