Девојче е претепано од врснички – Ова се генерации на изгубени деца, „испуштени од рацете“ на родителите

Вознемирувачко видео се прошири на социјалните мрежи и медиуми, во чиј опис пишува дека 15-годишна тинејџерка била брутално претепана од свои врснички во центарот на Скопје. Сите ужаснати, како да паднале од Марс: „Леле какви деца, леле каква младина“. Леле какви РОДИТЕЛИ на младината, подобро кажано.

tinejdzherka-e-pretepana-vo-centarot-na-skopje-ova-se-generacii-na-izgubeni-deca-ispushteni-od-racete-01.jpg

Вознемирувачко видео се прошири на социјалните мрежи и медиуми, во чиј опис пишува дека 15-годишна тинејџерка била брутално претепана од свои врснички во центарот на Скопје. Родителите го пријавиле случајот, а повредената имала хематом на главата, на окото, набиеници на вратот и десната плешка, повреди на коленото и огромна психолошка траума.

Од приложеното видео јасно се гледа како врсничките крвнички се повредуваат една со друга. Толпа нивни другари навиваат од страна како разулавени хиени, се поттикнуваат да се снима насилството, викаат на цел глас, си се смеат овие гласни набљудувачи на хоророт, сè додека едно момче не се вмеша и не успеа некако да ги раздели насилничките.

Сите ужаснати, како да паднале од Марс: „Леле какви деца, леле каква младина“. Леле какви РОДИТЕЛИ на младината, подобро кажано.

Дали сме изненадени од ова однесување? Години наназад се алудира на проблемот со врсничко насилство, популарно наречен „булинг“, од едно уво влегува, од друго излегува, гласови кои се губат како ехо во бездна во која тонеме апсолутно сите во ова наше пропаднато општество.

tinejdzherka-e-pretepana-vo-centarot-na-skopje-ova-se-generacii-na-izgubeni-deca-ispushteni-od-racete-03.jpg

Па кои се тие деца, имаат ли родители? Да, имаат. Тие родители се генерации на безрбетници кои живеат во некаков гангстерски филм. Сериозно се замислуваат дека во оваа држава тие се некој и нешто, голем фактор пред кој ние мора да се поклониме или да им се тресеме.

Тие родители се умислени старлети што се повеќе заинтересирани за ботокс отколку за сопствените деца и нивното воспитување. Повеќе ги боли за срциња на Инстаграм отколку за скршените срца на своите деца.

Тоа е цела една плејада на неписмени женски креатури што мислат дека љубов и внимание се купуваат со брендирани облеки и родендени од по 1.000 евра во некаква си игротека или клуб. Нивната основна лекција е: знаеш ли колку треба да си среќен, а кој е тој што има повеќе од тебе?

Децата им се задоени со најлошите навики додека овие се вечно зјапнати во телефоните, не може да се приберат од кафици, салатици, маникири, коктелчиња, афтерчиња…

Тоа се ликови со сериозни психолошки проблеми што сега си лекуваат комплекси и фрустрации, вечно недораснати жени што немаат основна идеја како да родителуваат.

tinejdzherka-e-pretepana-vo-centarot-na-skopje-ova-se-generacii-na-izgubeni-deca-ispushteni-od-racete-02.jpg

Да е за беља, ваквите капачиња си одат заедно со соодветно тенџере. Овие тенџериња се алфа мажјаци што немаат многу време да се вртат по дома и околу децата. „Кешот“ ќе избега брате, тендерите нема сами да се наместат.

Овие се во гангстерскиот филм влезени – со џиповите што упорно не знаете да ги возите, да надоместат за нешто друго што го немате, со парите здобиени на сомнителен начин, со надменоста и егото на еден целосно неписмен човек со кои газите по „обични“ смртници.

Децата се ваше огледало, тие ве слушаат, ве набљудуваат, ве копираат, вашиот изглед, вашето зборување како во видеото со најдолни, одвратни зборови, вашето насилство.

Вашата надмоќ кога им се заканувате на професори, „како тоа моја Мила нема да има петка?!“, а кутра Мила не знае да смени глагол во идно време. „Ќе има петка или ќе леташ од работа!“

Мила ова го слуша и утре може да си понесе сукало на училиште и да ѝ ја тресне една по глава на наставничката – затоа што ѝ се може! Затоа што за таквите како Мила и родителите на Мила не постојат санкции.

И ние сите мора колективно да ги трпиме, затоа што знаеле некој што бил нешто во државата.

tinejdzherka-e-pretepana-vo-centarot-na-skopje-ova-se-generacii-na-izgubeni-deca-ispushteni-od-racete-04.jpg

Мила не мора да следи прописи и правила затоа што не следат ни нејзините родители. Сè оди преку ред, за секаде се има врска, сè поминува под радарот, сè поминува неказнето, на крајот се завршува со сите петки и таа е претседател на одделението, а ако ѝ се сака, попатно ќе истепа не едно, туку 10 девојчиња. И казна – ќе нема!

Како што нема за татко ѝ кога поминал на црвено. Како што нема за мајка ѝ која може да не се појавува на работа со денови и никој да не ѝ упати ниту опомена.

И не е само Мила, и не е само една. Ова се генерации на безидејни и изгубени деца, што би рекле „испуштени од рацете“ на родители.

Рај е овде за таквите како вас. На друго место би биле малку послушни граѓани, со некакво изградено ниво на емпатија за другиот. Овде царуваат правила кои вам ви се по мерка.

Вам, семоќните од гангстерските филмови ви се може сè! Газите сè пред себе, децата како папагали го повторуваат ова однесување.

Си ги заслужувате децата. Ние останатите што се броиме на прсти и мора да ве трпиме вакви недоквакани, ние слепци за каде сме?

Содржината и ставовите изразени во авторските текстови и колумни претставуваат лични ставови на авторот и не мора нужно да ги одразуваат ставовите на редакцијата на порталот CRNOBELO.com

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

(О)Милена | Црнобело

фото: freepik.com

Би можело да ве интересира:

„Златно море, ти во Дојран ќе одиш“ – ми се гади од бесчувствителните коментари на луѓето Да се разбереме – немам ништо против луѓето што одат на море и немам намера да к...
Лила за CRNOBELO лексикон: „Сакав да студирам медицина, се гледав себеси како хирург“ „Немам комплекс, а баш би сакала да имам некој комплекс на море“ - Лила Филиповс...
Во свет каде што не се гледа бесконечниот, тежок товар на мајките, вие го забележавте... „Ти си прекрасна мајка“, ми кажавте откако си зедовте за право да ми помогнете в...
„Намерно се запуштав за да не излезам од дома, Скопје ме гушеше - едвај се извлеков од депресијата“ „Не миев коса со денови за да имам изговор - кај да одам со мрсна коса? Нок...
Ми недостасува играњето надвор до доцна кај баба и дедо на село и ладната вечера Кога бев дете не го сакав крајот на летото и август. Тогаш си доаѓав дома од сел...
„Кога мајка ми дојде на гости, ми ги зготви сите омилени јадења и домот ми беше беспрекорно чист“ „Си играше со моите деца, беше до продавница, го прошета кучето... Се прашувам з...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg