Држи ме за рака кога ќе ти речам „Не можам повеќе“

Секојдневната борба понекогаш знае да биде пренапорна, колку и да се обидуваш да бидеш силен, да го издржиш притисокот, да се противиш на она што те крши, едноставно постојат денови кога нема да можеш да најдеш смисла за живот.

drzi-me-za-raka-koga-ke-recam-ne-mozam-poveke-01

Денови кога ги губиш сите музи, денови на слабост, денови на солзи кои насилно извираат од твоите очи.

„Во ред е“ си велам и силните знаат некогаш да се скршат, иако не сакаат допустливо е и тие некогаш да бидат изворот на мрачни мисли и депресија, дозволено е.

Лежам така со мислите кои лутаат наоколу, размислувам за борбата, за животот, за среќата за успехот и неуспехот. Ладно ми е.

Не од снегот надвор, не од ветрот, не е од зимата. Ладно ми е во душата.  

Те гледам лежиш до мене, несвесна за она што се случува во мојата глава. За тебе имам насмевка, секогаш ќе ја имам, не смеам да дозволам ти да бидеш засегната. Ти ветив дека ќе градиме империја заедно, но кој е тој маж кој би дозволил дама да се грижи за малтерот на камената градба.

Не сакам да те разочарам. Сакам да ги исполнам моите ветувања од збор до збор, онака како што ветив.

Знам дека и да биде нешто помалку од тоа ти ќе бидеш среќна само со мојата љубов, но големите соништа се со причина, зошто да останат неостварени?

Ги отвораш очите и ме погледнуваш, кој не ги погледнал нема да знае, тие се причина за глобалното затоплување, тие ги топат сите мразови. Јас изгледам ладен и отсутен, размислувајќи за нашата иднина. Тој поглед ме крши, предизвикувајќи детска смеа и солзи истовремено. Ме гледаш збунето, не ти делувам присебен. Не сум присебен.

Ме прашуваш зошто толку тмурно утро, а јас се кршам на секој твој збор, само сакам да бидеме среќни. Ги мразам мрачните денови, го мразам стресот, ја мразам нервозата, мразам испреплетени семејни врски, мразам сѐ она што се обидува да ја наруши нашата хармонија. Ја мразам мојата грижа за иднината и ја мразам мојата одбивност додека размислувам за неа.

Се мразам себеси кога внесувам негативна енергија во нашите животи. Знам дека ме разбираш, но јас се мразам.

Сè уште си збунета, јас само ти ја стегам раката и ти велам „Не можам повеќе, не можам!“.

Се смееш, заразно се смееш, како да сум најголемата будала, се прашувам што ти се случува, си велам не сум се мрднал сам од умот, ти си била полоша.

„Тоа ли е причината, па знаеш ли ти колку си издржал? Знаеш ли низ какво сито и решето си поминал досега? Се прашувам зошто воопшто се сомневаш, ако се сеќаваш еднаш ми рече дека оној кој сонува, оној кој има огромни соништа и не се плаши, без разлика колку пати ќе се разочара, тој ќе успее.

Нели се пронаоѓаш некаде низ овие зборови?

Зошто грижа кога сум сигурна дека сè што ќе намислиш ќе оствариш, досега секогаш си остварувал, ќе биде и факултет и работа и куќа и автомобил и сè она што те мачи.

Зошто непотребен стрес на толку младо тело?

Сакам да видам насмевка, ти ја стегам раката и ти велам, ТИ МОЖЕШ, без разлика колку понекогаш ти требам да те потсетам, бидејќи сам си престрог према себеси, ти можеш!“.

Споделуваш бакнеж кој ме тера да ги запрам солзите. Некои велат дека не можеш целосно да веруваш на жените, некои велат љубовта не е вистинска, таа е фикција сведена на корист и материјални нешта. Си помислувам колку се неуки луѓето.

Некои велат дека не постои таква искреност и поврзаност меѓу двајца. Ги жалам знаеш, за жалење се.

Оној кој не почувствувал нема никогаш да дознае, како е некој да ти ги исуши солзите и да ти ја стегне раката кога е најпотребно. Тоа е поголемо од секое его, тоа е поголемо од милион голи жени кои поминале низ креветот, посилно од било кое задоволство.

Тоа е она што ти треба за да напредуваш во животот.

Не ме пуштај никогаш, држи ме цврсто за рака, секогаш кога ќе речам „Не можам“, на истиот начин на кој ќе те држам јас кога ќе ти е потребно.

Има ли нешто посилно од двајца нераздвоиви, поврзани во едно?

Има ли посилно од взаемно надополнување?

Има ли поубаво чувство да знаеш дека некој ќе ти ги состави деловите кога ќе се распаднеш?

Колку и да се обидувам да пронајдам такво нешто нема, не постои....

Н. Буџак | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Кире Лазаров за CRNOBELO лексикон: „Кошарка ми е омилен спорт, обожавам македонска народна музика“ „Многу сакав да играм џамлии и фудбал на улица со другарите. А бев голем бељаџиј...
Едина Муса за CRNOBELO лексикон: „Најубаво место на светот ми е дома со саканите“ „На 5 години сама отидов да ја земам сестра ми од школо, а притоа само излегов о...
Се скарав со најдобрата другарка, егото не ми дава да ѝ попуштам - Како уништивме 15 години пријател... „Плачев зашто не ми беше сеедно, зашто работите се менуваа, зашто наместо да има...
Кога личноста не е задоволна од себе и својот живот, тогаш станува злобна кон другите Личноста која не е среќна со себе почнува да станува завидлива, да се однесува д...
Иван Наумовски за CRNOBELO лексикон: „Откачувам на 'Солзи сами капат, прости ми'“ „Се плашам да не ми се падне лото и да станам милионер“... Оперскиот пејач Иван ...
Зошто си одите од Македонија? Таму нема топло ајварче со сиренце. Таму нема домашно месени јуфки, сушени во дв...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg