Не ми требаш - но, сакам да бидеш покрај мене
Не прави грешка – не ми требаш.
Со сигурност не за да ме надополниш, па и да ме поддржиш.
Но, би сакала да бидеш со мене.
Изморена сум од овој соло живот. Сакам да го споделам со некого.
Знам да се погрижам за себеси.
Го правам тоа со децении.
Но, би сакала да се грижам за тебе, а и ти за мене.
Да се грижиме еден за друг.
Сакам возбудлив живот.
Но, подготвена сум за тивката удобност на заедничкиот живот.
Со некој кој ќе го наречам партнер, најдобар пријател, љубовник.
Сакам да бидам твое светилиште, твој дом.
Дозволи ми да го направам тоа за тебе.
Но, пред да го направиме тоа, сакам да знаеш неколку работи.
Може да полудам кога конечно ќе стапнеш на мојот праг.
Може да се обидам да ги саботирам работите.
Да барам причини зошто нема да успееме.
Може да се прашувам дали е премногу добро за да биде вистинито.
Тогаш потсети ме:
Не ми требаш, но те посакувам.
Потврди ми дека не треба да се плашам да ти го дадам срцето.
Откриј ми ги твоите маани.
За да знам дека и ти си исплашен.
Држи ме за рака.
Потврди дека ќе бидеме еден покрај друг,
Тогаш кога демоните ќе тропнат на врата.
Потсети ме дека љубовта, како и животот, не доаѓа со гаранција.
Вети ми дека нашите срца ќе бидат горди што го презеле ризикот.
Ќе направам грешка со сигурност.
А, сигурна сум дека и ти...
Ќе барам причини да избегам.
И сигурна сум дека ќе ти дадам причини за бегство и на тебе.
Но, овојпат сакам да се држам цврсто.
Да ја издржам неудобноста.
Не можам да ти дадам многу ветувања.
Но, ти ветувам дека ќе се обидам да бидам подобра од претходно.
Се надевам дека нема да се откажеш од мене.
Се надевам дека нема да се откажам од тебе.
Н. Г. | Црнобело