Како да се простите од минатото и да и се радувате на иднината?

Дали се чувствувате заробено од своето минато, со одлуките кои ги донесовте или шансите кои не ги искористивте? Иако секој има различна приказна сите можат, доколку сакаат да се ослободат од своето минато и од работите кои ве држат назад. Ова се постигнува со трпение и напор.

Kako-da-se-prostite-od-minatoto-i-da-i-se-raduvate-na-idninata

Прво е потребно јасно да ги одредите своите цели. Пред спиење обидете се да не размислувате за своите грешки. Ова правете го кога ќе се чувствувате силно и кога ќе имате слободно време. Ова е многу важен дел, бидејќи дури и ако се многу зафатени, важно е да оставите време за себе и да сфатите што всушност сакате, да се соочите со претходните грешки и да продолжите понатаму. Учете на своите претходни лекции, но не дозволувајте истите грешки да ви го контролираат животот, односно иднината.

Ако постои нешто што можете да го направите за да ја поправите ситуацијата, обидете се. Понекогаш, откако ќе сфатите што е тоа што во минатото ви правело проблеми, решението станува веднаш очигледно.

Доколку не можете да ја поправите ситуацијата, откажете се. Оваа реченица звучи толку лесно, а сепак може да биде толку тешка да се направи. Понекогаш минатото изгледа како подобро место за живеење. Важно е да се признае дека минатото повеќе го нема – не можете да го вратите, а не можете ни да го рекреирате.

Во природата на човекот е да биде носталгичен и често да се сеќава на минатото, како подобро време од сегашноста. Сеќавањата на добрите времиња се важни, но не можете да го ставите вашиот сегашен животен на чекање, бидејќи живеете во минатото.

Простете им на оние кои ви наштетиле во минатото. Луѓето велат сурови нешта, а нивните реакции можат да бидат уште полоши. Кога сме повредени тешко забораваме. Без разлика колку пати ќе го слушнете зборот "Жал ми е", понекогаш може да изгледа невозможно да се "прости и заборави". Никој не вели дека треба да се избрише минатото. Сé што треба да направите е да се ослободите себе си од минатото. Ова е тежок чекор, но може да ви го олесни животот, бидејќи нема да чувствувате огорченост, омраза и разочараност од вашите претходни искуства.

Простете и на личноста која ве повреди, но не заборавајте ги причините поради кои ве повредила, за да можете да се заштитите себе си од доживување на истото повторно во иднина.

Простете си себеси. Простување на другите е тешко, но простување на себеси може да биде уште потешко. Треба да и простите на личноста која бевте, бидејќи вашите поранешни искуства ве довеле до ова што сте сега.

М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Живеам во Стојаково: Зошто избирам да живеам во село, наместо во град? Тука се живее послободно, трчаме на сопствена земја, се движиме послободно и без...
Легендата за Саат-кулата и уште 9 забавни факти за Битола Дали знаете од каде овој град го добил своето име или ја ли имате слушнато интер...
Исповед на Македонка: „Мислев дека имам циста, не очекував дека ќе ми кажат дека сум бремена“ Јас се сменив! Јас се сменив кога сфатив дека ќе бидам мајка. Се сменив кога на ...
„Отворено писмо до мојот татко кој никогаш не беше тука за мене“ „Никогаш нема да можеш да ми ги вратиш оние години што ги пропушти. Никогаш нема...
„Бев со Тоше Проески во диско во Будва, ја откачи Гоца Тржан за да нè испочитува нас, новинарите - з... Иако цели 17 години не е меѓу нас, сеќавањата што ги имам за Тоше ми се секогаш ...
Не преминувајте океан за луѓе кои не би преминале вирче за вас Ако премногу се давате себеси, со текот на времето ќе почувствувате болка која м...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg