Зад сините очи на една девојка

Однадвор сè се чини совршено.

zad-sinite-oci-na-edna-devojka-01.jpg

Нема видливи рани, нема лузни...

Емоционалното малтретирање често останува незабележано. Како паразит кој се движи низ вашиот ум, уништувајќи ја сопствената жртва несвесно. Сè ви се чини нормално. Сè е совршено.

Но, од друга страна пак, не можете да сфатите што се случува. Сè што знаете е дека го сакате и не можете да живеете без него.

Во првите фази на љубовта, сè е розово, прекрасно. Тој е вашата сродна душа. Уште од почетокот. Ви вели дека е поинаков покрај вас. Дека сака да биде поинаква, подобра личност. Да има подобра живот.

Одеднаш ги сака истите работи што ги сакате и вие. Ви испраќа цвеќе, ве носи по ресторани, ви пишува љубовни пораки, ви испраќа песна за песна со кои ја изјавува љубовта негова која никогаш нема да згасне.

Не сте како неговото минато. Како бившата. Не ве сака на истиот начин. Не е истата личност каква што бил пред неа.

Па, му ја давате душата. И ја зема.

Дел по дел, ја турка наназад, додека се обидувате да одите нанапред.

На крајот останувате искршени, уништени, искористени. Бескорисни.

Таква е емоционалната злоупотреба. Бавна. Незабележлива. Одвојува дел по дел од вас. Секој болен збор, секое  одмазничко однесување, полека ви ја одзема светлината. Самодовербата. Ентузијазмот. Оптимизмот. Верувањата и ставовите.

Не сте ни свесни за болката и несреќата.

Страдањето кое го чувствувате.

Ве прави безначајна.

Ве деградира.

И започнувате да верувате во сите зборови.

Во еден момент одлучувате дека повеќе ништо нема да толерирате.

Потоа доаѓаат подароците.

Прекинувачот оди на другата страна и тој повторно е доброто момче кое првпат го запознавте.

Во бунило повторно се враќате на старото.

Овојпат сè ќе биде поинаку. Променет е.

Повторно сè му станува здодевно и се трга на страна. Дистанциран е.

Кругот никогаш не престанува да се врти.

Сфаќате дека тешко можете да дишете. Се борите.

Одеднаш легнувате на подот.

За сите години тортура, збунетост, болка и срам. И плачете. Силно плачете. Сè додека не сфатите дека ништо не останало.

Претепани, изморени и ранливи, сфаќате дека ништо не се променило. Тој нема да се промени.

Ги отворате вратите.

И повторно дишете.

И заминувате.

Кон светлината.

Само никогаш немојте да се свртите наназад...

Н. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Како изгледаа свадбените фотки пред дигиталните апарати (и професионалните фотографи)? Однапред испланирани фотосесии до најситниот детаљ, внимателно избрани локација ...
„Кога мајка ми дојде на гости, ми ги зготви сите омилени јадења и домот ми беше беспрекорно чист“ „Си играше со моите деца, беше до продавница, го прошета кучето... Се прашувам з...
Не сме изморени од животот - Изморени сме од разочарувања и да нè повредуваат другите Не сме изморени од животот, изморени сме да гледаме назад, постојано да гледаме ...
Да можевме, би нацртале цвет на небото за да знаете дека ни недостигате – Среќен 8 Март на жените ко... Да можевме би направиле скалила до небото за последен пат да ве прегрнеме и да в...
Александра Шијакоска за CRNOBELO лексикон: „Свекрва ми ми е идол“ „Ако имам времеплов би се вратила само во средно училиште. Најубавите четири год...
Мајсторот го викам за поправка, а не да го угостувам – зошто веќе ми е страв да почестам со кафе и р... Мајсторот ни дојде, расчепка во таблата со осигурувачи, за еден час ја заврши ра...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg