Дали го гледаш сонцето?

Ако не бев оној што сум сега, кој ли друг би можел да бидам, дали ако ја имав можноста да бидам некој друг би се избрал себеси?

dali-go-gledas-sonceto-01

Согласен ли сум со човекот во кој живеам, правам ли сè она што би сакал да направам, се борам ли за она што треба да го освојам?

Чекорев утрото од постојката до брегот на езерото со тие мисли во главата, конечно се враќав дома, со куфер спомени, искуства кои ме прават посилен. Застанав до брегот и посакав никогаш да не престане таа исцелителна магија која ја добивав од езерото, се завртив наоколу, сонцето печеше, воздухот беше некако поинаков, мирисаше на дома.

Сакав да седнам на клупите и да уживам во таа заносна глетка, но сите клупи беа зафатени со друштва кои стигнале пред мене. Само на една клупа седеше дама која беше дотерана од глава до пети. Беше права госпоѓа, преубава жена.

Не сакав да си одам, туку сакав да уживам во глетката, па со целиот срам на светот ја запрашав дали може да и се придружам. Не направи никаков проблем, не ги тргна очилата за да ме види, не се ни поздрави, само се тргна настрана, правејќи место за мене.

„Колку прекрасен ден, можеш ли да почувствуваш колку е воздухот различен?“ - рече таа со срамежлив глас гледајќи кон езерото.

„Многу се радувам што сум повторно дома, ми недостигаше овој мирис, оваа глетка, ова сонце кое е како еден огромен дијамант на средината на небото. Не знам некако неговите зраци се шират магично, како два конци на раб на невестински фустан, удираaт во езерото и се одбиваат мамејќи насмевка на лицето, не знам за вас, но ова е храна за душата“ - реков јас восхитено.

Жената испушти солзи и ги тргна очилата, повторно не се сврте, си помислив колку чудна госпоѓа, толку ли излегов несреден што не сака да ме погледне?

„Ти благодарам што ми го опиша сонцето, бидејќи ако досега не сфати јас не можам да го видам сонцето. Овде ме остави мојата сестра додека да заврши некоја работа во блиската банка, јас сум слепа. Но, благодарение на тебе јас го видов сонцето, ја имам таа слика во главата, ти без да знаеш ми пријде за да можам јас да почувствувам боја. Во мојот црн свет ти ми ја донесе бојата на ова прекрасно утро. За тоа му благодарам на Бога“.

Јас се занемев и уживав во говорот на нејзиниот надежен глас.

„Морам малку да се опуштам, подоцна ме чека втора смена на работа, јас сум дипломиран правник. Колку и да изгледа дека сум се откажала од животот, никогаш не сакав и никогаш немав намера тоа да го направам. Понекогаш ми е тешко и ми доаѓа да искршам сѐ, но кога ќе видам дека можам да постигнам многу работи и покрај мојата состојба, јас добивам мотивација за да живеам.

Можеби звучи лесно и просто, но воопшто не е лесно да ја немаш моќта да го гледаш светот онаков што е. Сепак, јас научив да имам друга моќ, јас го замислувам светот базирано на неговите карактеристики, по мирисот, по вкусот, по говорот. Како што те замислувам тебе и овој прекрасен ден во моментов и тоа ми е сосема доволно. Кога нешто нешто недостига го прифаќаш како нормално, мораш, за да не овенеш тажејќи.

Тебе ти посакувам само на вакви денови да налетуваш и никогаш да не мора да се соочиш со горчината на животот. Дури и да се соочиш, запомни дека човекот е суштество кое може да поднесе многу и да се справи со сѐ” - рече убавицата враќајќи ги очилата на нејзиното лице за повторно да изгледа како секоја девојка која би ја сретнал на улица.

Дојде нејзината сестра и помогна да стане и двете заминаа во спротивен правец. Јас уште долго гледав во убавината на езерото.

Ме потсетуваше на убавината на слепата госпоѓа и нејзините прекрасни зборови. Како да ме натера да сфатам дека нема откажување без разлика какви се околностите. Не е важно колку е тешко и невозможно, ако се посака многу работи се можни.

Ме научи да се сакам себеси онаков каков што сум и до крајот на денот знаев одговор на моето утринско прашање.

Кога би имал можност да бирам во чие тело да се родам, со сигурност повторно би се избрал себеси.

Н. Буџак | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Кога ме игнорираш, не ме казнуваш - само ме учиш полесно да живеам без тебе“ „Тоа што ме игнорираш, не значи дека е крај на мојот свет - тоа е почеток на нов...
Кога сакам да не се нервирам, си велам „Ало, не е на татко ти“ Кога ќе видам како некој корне цвеќе од жардиниерата кај мостот „Гоце Делчев“ ил...
Легендата за Саат-кулата и уште 9 забавни факти за Битола Дали знаете од каде овој град го добил своето име или ја ли имате слушнато интер...
Да можевме, би нацртале цвет на небото за да знаете дека ни недостигате – Среќен 8 Март на жените ко... Да можевме би направиле скалила до небото за последен пат да ве прегрнеме и да в...
Ги избришав од животот луѓето кои немаат време за мене „Направив мал експеримент. Престанав да се јавувам. Престанав да ги посетувам. Ц...
Едина Муса за CRNOBELO лексикон: „Најубаво место на светот ми е дома со саканите“ „На 5 години сама отидов да ја земам сестра ми од школо, а притоа само излегов о...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg