Ти си застрашувачки прекрасно диво суштество
Постојат момци кои ќе ти ветуваат „Засекогаш“
Во песни,
Во поезија,
Во зборови кои се едноставно преубави,
На кои тешко ќе им одолееш.
Ти си нивната девојка од соништата.
Убава, силна, независна.
Засекогаш...
Воздивнуваат, засекогаш...
Но, нивното засекогаш доаѓа со скриени услови.
Нивната љубов е таен договор.
Со дополнувања на крајот од книгата.
Ѕвездички кои те водат на крајот од листот.
Тоа засекогаш е само дотогаш кога ќе започнеш да сонуваш.
Да зборуваш прегласно,
Да се бакнуваш пресилно.
Да дебатираш страсно.
Ќе ти викаат не е дамски тоа.
Ќе ти велат дека не си разбирлива.
Ќе ти велат дека невозможно е да те сака некој.
Не можеш да бидеш ограничено убава?
Силна понекогаш, но нежна почесто?
Независна, но беспомошна?
Ќе бараат од тебе.
Многу ќе бараат.
Контрадикторности.
Невозможни работи.
Без да размислуваат за работите во кои се вљубиле.
Ќе те натераат да се сомневаш.
Во себе.
Во твојата убавина.
И само тогаш кога ти грешеле.
Кога не ги разбрале твоите дебати.
Кога ја сфатиле твојата сила како ароганција.
Ќе потонеш длабоко во себе.
Да ги пронајдеш работите кои ги бараат од тебе.
Затоа што длабоко, сакаш да бидеш сакана.
Има потреба од љубов.
Ќе научиш да зборуваш тивко.
Да молчиш ако треба.
Да сакаш нежно.
Да сонуваш помалку.
Да му дозволиш тој да те бакнува тебе.
Застани!
Не треба да се менуваш,
За оние кои се вљубиле во дивото суштество,
Но не се подготвени вистински да го сакаат.
Биди неистражена,
Невообичаена.
Биди тоа што само неколкумина ќе го разберат.
Вистински ќе го сакаат.
Почитуваат.
Без да те скршат на половина.
Биди дива.
Остани дива.