Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Шолји со кравичка, чинии со сина линија – Како изгледаа сервисите за кафе и јадење во Југославија?

Дали сѐ уште поседувате некои од овие шолји и чинии? Во времето на Југославија, домовите беа уредени во речиси ист стил, а сите ги имавме истите сервиси кои денес будат носталгија. 

kako-izgledaa-servisite-za-kafe-i-jadenje-vo-jugoslavija-gi-pametite-li-soljite-so-kravichka-01_copy.jpg

Оние кои растеле и живееле за време на Југославија велат дека тоа било златно време за сите граѓани од овие простори.

Работникот бил заштитен и ценет, имало работа за сите, а се заработувало доволно за пристоен живот.

Домовите беа уредени во ист стил и со ист мебел.

Скоро не постоеше куќа во која нема барем една ваза, керамички шолји, чинии или пак сет за зачини од познатата фабрика Југокерамика.

kako-izgledaa-servisite-za-kafe-i-jadenje-vo-jugoslavija-gi-pametite-li-soljite-so-kravichka-07.jpg

Покрај ексклузивните серии кои пошироката јавност ги нема видено, овде се произведувале и чинии и чаши за кетеринг. Сервисот со сина линија, стана симбол на „социјалистичкиот“ туризам. 

Немаше куќа, училишна кафетерија, хотел и ресторан каде храната и пијалаците не се послужуваа во овие чинии и чаши.

kako-izgledaa-servisite-za-kafe-i-jadenje-vo-jugoslavija-gi-pametite-li-soljite-so-kravichka-02.jpg

Фабриката се затворила во 2009 година, а во Музејот на уметности и занаети во Загреб донирала околу 400 предмети и богата документација со оригинални скици и дизајни.

kako-izgledaa-servisite-za-kafe-i-jadenje-vo-jugoslavija-gi-pametite-li-soljite-so-kravichka-05.jpg

Освен овие, хит во тоа време беа и сервисите со цветни дезени.

kako-izgledaa-servisite-za-kafe-i-jadenje-vo-jugoslavija-gi-pametite-li-soljite-so-kravichka-06.jpg

Ги паметите ли шолјите и чиниите со кравичка? Секое дете поседуваше по една. 

Во овие шолји и чинии всушност се продаваше еурокрем, а потоа се користеа со години.

kako-izgledaa-servisite-za-kafe-i-jadenje-vo-jugoslavija-gi-pametite-li-soljite-so-kravichka-08.jpgфото: Инстаграм

С. Ш. | Црнобело / фото: Инстаграм

Би можело да ве интересира:

Таско за CRNOBELO лексикон: „Имав потенцијал за учење, но постојано се бунтував кај професорите“ „Ги излажав моите дека сум излезен во маало, а јас отидов многу подалеку, и се к...
Среќата за секого е нешто различно - за едни е совршено исчистен дом, за други лице без брчки „Родителите и децата се вртеа во соблекувалната на градинката. Мали принцези со ...
Кога стана толку безобразно скапо да се излезе на „пијачка“ во Скопје? Јас сум од времето кога џин-тоник беше 60 денари, шише пиво се продаваше за 50, ...
8 работи кои некогаш беа хит, а денес се застарени Некогаш рецепти баравме во тетратките на баба, денес ги пребаруваме преку интерн...
Лара Иванова за CRNOBELO лексикон: „Како дете си ја расеков брадата - лузната ја имам и денес“ „Во градинка бев заљубена во еден Мартин, но сега не знам каде е ниту што прави“...
„Кога мајка ми дојде на гости, ми ги зготви сите омилени јадења и домот ми беше беспрекорно чист“ „Си играше со моите деца, беше до продавница, го прошета кучето... Се прашувам з...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg