Приказни на Македонец – рецепционер во хотел: „Маж доживеа епилептичен напад и побегна од лобито, оставајќи мистериозна парталава торба“

„Во хотелот влезе човек и ме замоли да му го наполнам телефонот. Прифатив, но одеднаш го видов со полуотворено око како се ’клешти‘ и се тресе на фотелјата на којашто седеше. Повикав брза помош, но тој побегна, а до фотелјата имаше оставено еден ранец накитен со катанци и една мала торба, речиси парталава“, раскажува дечкото од рецепција за CRNOBELO.com, директно од хотелот во една европска метропола каде работи.

prikazni na makedonec recepcioner vo hotel covek dozivea epilepticen napad vo lobi odednash pobegna i ostavi zad sebe mobilen torba i ranec i ne se pojavi povekje 9

Многумина веруваат дека потребниот комфор и задоволување на своите каприци ќе го најдат токму во луксузните хотели, па затоа и престојуваат во нив. Секако, станува збор за оние коишто можат да си го дозволат тоа.

Сите тие гости се фасцинирани од пространите соби, блескавите тоалети, брзата услуга, од персоналот кој се труди да ги задоволи потребите, како и од огромна гурманска лепеза.

Мислам, секој би бил добро расположен кога ја има сета таа удобност околу себе. Сепак едно е да се престојува, а друго е да се работи во такви хотели.

Минатиот пат споделив ситуации што често се повторуваат, но сега ќе се задржам на еден доста необичен настан што ми се случи неодамна.

Беше нешто пред полноќ. Се сеќавам дека чекирав млад брачен пар од Кина, кога еден постар човек, сигурно имаше шеесет и нешто години, со едно полуотворено око почна да ми поставува прашања, но културно го замолив да почека дека да завршам со претходните гости.

Не се противеше и кога нему му дојде редот, ме замоли да му го ставам телефонот да се полни во нашата канцеларија зашто тој немал полнач. Прифатив.

prikazni na makedonec recepcioner vo hotel covek dozivea epilepticen napad vo lobi odednash pobegna i ostavi zad sebe mobilen torba i ranec i ne se pojavi povekje 3

Го зедов телефонот чиј екран беше распукан и штом му кажав да почека во лобито сфатив дека човекот всушност не е гостин во хотелот. Тоа е!

Нека се пополни телефонот 15 минути и ќе му го вратам, ме фати некако жал за него, иако додека зборувавме имав некое непријатно претчувство.

Не поминаа ни пет минути, кога одеднаш го видов човекот со полуотворено око како се „клешти“ и тресе на фотелјата на којашто седеше. Обезбедувањето стоеше до него, пробуваше да му помогне и ми даде знак да се јавам на брза помош.

Човекот имаше епилептичен напад. Веднаш се поврзав со брза помош, додека им ја објаснував целата ситуација сфатив дека фотелјата на којашто седеше човекот беше празна.

Збунето гледав наоколу и обезбедувањето ми кажа дека човекот одеднаш станал, со трчање се упатил до железничката станица што се наоѓа спроти хотелот, велејќи дека таму се наоѓа сестра му која има лекови.

Гледав што се случува пред мене и не ми се веруваше. Да не беше човекот од брза помош уште ќе „ѕверев“ во празно. Му објаснив она што го засведочив и тој ми возврати дека треба сега да вртам на полиција, а не на брза помош.

prikazni na makedonec recepcioner vo hotel covek dozivea epilepticen napad vo lobi odednash pobegna i ostavi zad sebe mobilen torba i ranec i ne se pojavi povekje 1

Тоа што се случи се случи, ама ситуацијата стана уште почудна кога сфатив дека до фотелјата имаше оставено еден ранец накитен со катанци и една мала торба, речиси парталава, како и телефонот што се полнеше.

prikazni na makedonec recepcioner vo hotel covek dozivea epilepticen napad vo lobi odednash pobegna i ostavi zad sebe mobilen torba i ranec i ne se pojavi povekje 4

Заедно со обезбедувањето чекавме, не знаевме дали човекот е жив или мртов. Во еден момент ни стана чудна, па дури и опасна ситуацијата, па за секој случај ги тргнавме заборавените торби на човекот во празна просторија, далеку од сите гости и персонал.

Не знаевме што се наоѓа во внатрешноста на торбите и, за безбедност на сите, повикавме полиција која дојде по 20 минути.

BeFunky collage copy copy copy

Кога пробав да го отклучам телефонот на човекот, на екранот се појавија само Јутјуб предлози на видеа сите поврзани со војна, бомбардирања, конфликти… Си реков сега сите ја следат ситуацијата помеѓу Израел и Газа.

Полицијата ги однесе работите на човекот, јас дадов изјава, а мистериозниот човек не се појави во текот на ноќта.

Сите од хотелот беа запознаени со случајот, па кога следниот ден дојдов на работа, колегите ми кажаа дека се појавил истиот човек кој си го барал мобилниот, но обезбедувањето му рекло да оди да го бара во полициската станица што се наоѓа на стотина метри и не му дозволиле да влезе во хотелот.

Човекот, кој носел некаков шлем во раце, го удрил обезбедувањето по око, а овој го кутнал на земја и полицијата морала да го приведе. Тоа се случило неколку часа пред да дојдам јас.

prikazni na makedonec recepcioner vo hotel covek dozivea epilepticen napad vo lobi odednash pobegna i ostavi zad sebe mobilen torba i ranec i ne se pojavi povekje 2

Мислев дека приказната тука е завршена, но не беше така. Истата вечер, некаде пред полноќ се појави човекот, но беше премногу фин со мене.

За да ми докаже дека не е бездомник од паричникот извади купче со стотици долари, а јас стоејќи на растојание од него му објаснив каде да си ги најде работите. Просто се изненадив што не правеше никаков проблем.

prikazni na makedonec recepcioner vo hotel covek dozivea epilepticen napad vo lobi odednash pobegna i ostavi zad sebe mobilen torba i ranec i ne se pojavi povekje 5

Утре само дознав дека човекот поминал во текот на денот и пробал да го снима лобито со мобилен телефон и оттогаш му се губи секаква трага.

Во кратки црти, тоа е една од чудните ситуации што ми се случија, па после си дадов збор дека ако некој побара да оди во тоалет или да му наполнам телефон, а не престојува во хотелот, ќе го одбијам.

Тоа е, никогаш не знаеш што се крие во луѓето.

prikazni na makedonec recepcioner vo hotel covek dozivea epilepticen napad vo lobi odednash pobegna i ostavi zad sebe mobilen torba i ranec i ne se pojavi povekje 6

© CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Дечкото од рецепција / фото: pexels.com

Би можело да ве интересира:

Спомен што секогаш ми измамува насмевка: Тоше и Дејан Лилиќ правеа склекови, а јас ги фотографирав Моите спомени поврзани со Тоше никогаш не се тажни. Напротив, ми измамуваат насм...
Елена Ристеска за CRNOBELO лексикон: „Љубовта на моите родители ми е пример како да се одржува однос... „Како дете двапати без повод бев нападната, меѓутоа толку многу ги тепав што на ...
„Водици некогаш во Охрид - Со нетрпение чекавме да се фрли крстот во студеното езеро“ Традиционално за Водици, јас секоја година одев во Охрид каде што живееше мојата...
„Бев со Тоше Проески во диско во Будва, ја откачи Гоца Тржан за да нè испочитува нас, новинарите - з... Иако цели 17 години не е меѓу нас, сеќавањата што ги имам за Тоше ми се секогаш ...
Еден ден мајка ти нема да ти се јавува повеќе и ќе посакуваш таа да живееше подолго Еден ден мајка ти нема да ти се јавува повеќе. Еден ден ќе посакуваш таа да живе...
„Леле, види ја ама се теткосала“ - Во Македонија човек како да не смее да остари, секој има коментар... Зошто судите? Дел од жените верувајте живееле потешко од вас, дел од нив се сооч...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg