Плоштадите кријат многу тајни...

Утрово маглата повторно го покри градот. Не успеа да ме спречи во моите планови за денес. Наметната со плетен шал и високи потпетици се упатив кон плоштадот.

ploshtadite-krijat-mnogu-tajni-01.jpg

Кога сум таму, сакам да седнам, да испијам едно кафе, да си ја земам вообичаената доза на никотин и да размислувам.

Еве седам во едно кафуле и го набљудувам плоштадот. Се обидувам мислите да ги доведам во хармонија и да ги ставам на хартија.

Но, во никој случај не би станала уметник. За да бидеш писател на проза ти требаат огромни количини на иформации, премногу слушање, набљудување, разговарање и сето тоа само за десеттина странички.

Моето битие го оставам утрово на плоштадот за да го доживеам со сите негови форми, нијанси.

Плоштадите се секогаш места каде живеат илјадници приказни, секоја плочка крие по некоја тајна.

Дали во градов, во овој момент има уште некој што размислува за плоштадот? Како ли го доживува? За мене тој е најголемото собирно место каде народот се собира за убави, радосни, но и за тажни моменти. За изложби, за концерти, за прослави, но и за митинзи, протести...

Колку е собирно место во срцето на градот, толку е и раскрсница. Таму често се разминувам со некој, бидејќи не се движиме во ист правец.

Таму секој остава своја трага. Со чекорите, насмевките, погледите.

Декемвриското утро остава трага во мојата приказна. Плоштадот денеска се украсува за Новата година. Еуфоријата само што не започнала.

Ме допира и мирисот на печени костени. Мирисите и вкусовите се мешаат во мојата глава, добиваат форма на радост.

Емоциите и мислите се конфузни, барем утрово. Се прашуваат дали плоштадот е собирно место или раскрсница, се прашуваат по кој пат да тргнам, сум пропуштила ли да направам нешто годинава?

Станав од кафулето, си купив печени костени и се упатив кон еден уличен продавач на книги.

Антикварницте за книги изгледаат многу добро на плоштадот, ги спојуваат минатото и идината, ја поврзуваат приказната на авторот со мојата душа.

Си ги купив белешниците на Да Винчи за да имам што да читам викендов и се упатив кон дома.

Пред да го напуштам плоштадот, видов човек кој продаваше новогодишни честитки. Ми текна дека на најблиските веќе пет години им немам пратено честитки по пошта.

Купив дваесет и со насмевка го напуштив плоштадот.

М. К. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Легендата за Саат-кулата и уште 9 забавни факти за Битола Дали знаете од каде овој град го добил своето име или ја ли имате слушнато интер...
Катарина Ивановска за CRNOBELO лексикон: „Во слободно време месам“ „Се скривме со другарка ми Ана зад кревет кога имавме 5 години. Нашите нè бараа ...
Децата ме прашуваат: „Мамо, зошто си нервозна? Не, не сум, само сум престимулирана и имам тантруми“ Маневрираш со жешки тенџериња околу децата, газиш на подот преполн со трошки, па...
Приказни на Македонец – рецепционер во хотел: „Маж доживеа епилептичен напад и побегна од лобито, ос... „Во хотелот влезе човек и ме замоли да му го наполнам телефонот. Прифатив, но од...
Жено, твоето премалку за некого е премногу – цени си го животот! Ти не си свесна, но имаш сè. Имаш човек што те љуби. Имаш луѓе кои за тебе би го...
Скопски газда им скратил по 500 денари од плата на вработените за да направи новогодишна забава Вработените отишле на забавата, гневни затоа што треба сами да платат за сѐ, со ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg