Одбројувањето може да започне!

Иако се трудам да го живеам сегашниот миг, не можам да одречам дека она што поминало не е веќе важно и не нè менува. При крајот на годината - уште една ретроспекција. Кој знае која во моето постоење…

odbrojuvanjeto-moze-da-zapochne-01.jpg

 Годината која полека ќе ми се слизне низ прстиве не смени многу, но ситните работи, моментите, луѓето околу мене менуваа многу.

Цели 365 дена ме прават година дена постара, ме натераа да сум во постојана  трка со времето и крвнички да се борам за она што го сакам.

Што направивте вие годинава?

Сетете се на најубавиот миг од годинава. Најдете си некое скришно место во вашата душа и таму чувајте го, полевајте го со радост, растете го и грижете се како да е малечко дете. За да имате уште поубави мигови во годината која следи.

Одбројувањето може да започне! Уште малку до Новата Година! Деновиве, бакнежите, насмевките и убавите желби станаа сè почести, а продавниците се пополни и покрај нискиот стандард.

Декември, иако за многумина е најубавиот месец поради цела таа треска, истовремено е и малку сиромашен заради цело тоа трошење. Како и да е, малкумина внимаваат на квантитетот во нивниот паричник во оваа предновогодишна треска.

Ајде, доста е економија кога цела година бевме затрупани од економски информации, берзански анализи и ликвидност на компании. Настрана од тоа, годинава ширум светот се случуваа и политички кризи, воени напади, епидемии, штрајкови, глад, сиромаштија, еколошки катастрофи..

Но, на тоа забораваме во ова новогодишно лудило и се надеваме дека ќе нема лоши нешта во годината која е пред нас! Изгубени во блесокот на сијаличките се трудиме само да гледаме радост, да пронајдеме љубов, да бидеме среќни.

Годинава која полека ја оставаме во минатото можеше да биде подобра, впрочем како и сите останати.

Сега, кога до крајот на годината останаа уште толку малку денови, во постојана трка сум со времето за да ги завршам сите обврски, да се видам со сите оние кои ми значат, да испратам честитки до сите деца кои ги познавам, да ги средам импресиите, фотките, плакарите и што уште не!

Година на себеспознавање, нови лица во мојата приказна, соочување со болести, воздржување од плачење, трагање по сродната душа, надчовечки напори за остварување на соништата...

Запомнете, некои нешта кои ги барате се веќе во вас или покрај вас, вашиот идол е одразот во вашето огледало и животот е едно прекрасно патување без да ја знаете дестинацијата.

Начинот на кој ќе патувате е само ваша одлука!

Ви посакувам љубов за годината која доаѓа во сите можни облици, големини и нијанси! И страст за живеење!

Ова е време на нови почетоци, време кога ја кревате главата горе и сте благодарни што и дадовте живот на уште една година!

Време кога верувате во коинциденции, амајлии, желби! Со причина или не, со повод или без...

М. К. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Кога сакам да не се нервирам, си велам „Ало, не е на татко ти“ Кога ќе видам како некој корне цвеќе од жардиниерата кај мостот „Гоце Делчев“ ил...
Не преминувајте океан за луѓе кои не би преминале вирче за вас Ако премногу се давате себеси, со текот на времето ќе почувствувате болка која м...
Д-р Владимир Чадиковски за CRNOBELO лексикон: „Татко ми ми е најголемиот херој“ „Кога би имал времеплов би сакал да се вратам во времето кога одевме на море со ...
Сара Мејс за CRNOBELO лексикон: „Бев тешка бубалица, плачев кога ќе добиев 5 минус“ „Правев некој експеримент по хемија со памукчиња - ги потопував во разни видови ...
За Бадник паричка дома, за Василица со пријателите - Како почнавме наша традиција која нè зближи ушт... Првата година сите бевме „изгубени“, никогаш претходно не сме кршеле пита за Вас...
Со друштвото си ги купивме најгрдите маички за Нова година наместо убави подароци (и пресреќни сме) Иако идејата тргна од мене, сите мои пријатели сфатиле дека треба да купат грди ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg