Д-р Владимир Чадиковски за CRNOBELO лексикон: „Татко ми ми е најголемиот херој“

„Кога би имал времеплов би сакал да се вратам во времето кога одевме на море со воз, без мобилен телефон и се јавуваш дома двапати - еднаш да кажеш дека си стигнал и вторпат за да ти пратат пари“ - д-р Чадиковски се потпиша во нашиот лексикон.

leksikon-dr-vkadimir-cadikovski-01.jpg

Нашиот детски кардиохирург, д-р Владимир Чадиковски (50), кој во својата успешна кариера има спасено повеќе од 1.500 бебиња, одговараше на интересни, приватни прашања за Лексиконот на CRNOBELO.com.

Поради неговата специфична професија, каде секојдневно оперира бебиња кои се и од по само килограм и половина, Чадик, како што го викаат пријателите, најмногу се опушта кога вози мотори или олдтајмер, страст која ја негува со години.

d-r-vladimir-chadikovski-za-crnobelo-leksikon-tatko-mi-mi-e-najgolemiot-heroj-07.jpg

Д-р Чадиковски ни откри и дали правел бељи како дете, кој лик од цртаните филмови би сакал да биде, но и во кое доба би се вратил ако има временска машина.

Д-р Владимир Чадиковски одговараше на прашањата за CRNOBELO лексикон:

1. Како се викаш и дали имаш прекар?

Владимир, прекар ми е Чадик.

2. Колку години имаш и што си во хороскоп?

50 години, Бик сум во хороскоп. Роден сум на 26.04.1973 година.

3. Која ти е омилена песна? А пејач и пејачка?

Немам конкретна песна, постојано имам некоја која ми одбележува некое време. А пејач - Боно.

4. Омилена книга?

Од толку многу читање стручна литература, искрено, повеќе сакам да гледам документарни филмови во последно време.

d-r-vladimir-chadikovski-za-crnobelo-leksikon-tatko-mi-mi-e-najgolemiot-heroj-03_copy.jpg

5. Омилен глумец, глумица, филм, серија?

Том Круз, Кијану Ривс, а глумици имам повеќе.

6. Имаш ли омилен спорт, клуб, спортист? За кого навиваш?

Сè што е поврзано со спортскиот клуб „Вардар“, иако сега ми е жал кога гледам што се случува. А Иџе ми е омилен спортист.

7. Имаш ли милениче? Како се вика?

Мини шнауцер, Роџер.

8. Кој ти е среќен број?

27.

d-r-vladimir-chadikovski-za-crnobelo-leksikon-tatko-mi-mi-e-najgolemiot-heroj-04_copy.jpg

9. Кој ти е омилен виц?

Дневни вести во државава.

10. Која ти е омилена храна?

Секоја италијанска храна.

11. Кој ти е најдобар другар/ка?

Имам другари од детство со кои сè уште се дружам, а сега со години најмногу се дружам со Камнар.

12. Каков ученик беше? Кој ти беше омилен предмет?

Да стигнеш каде што сум сега е поврзано со премногу учење. Мораш да се бориш со најдобрите и да се трудиш да бидеш најдобар.

d-r-vladimir-chadikovski-za-crnobelo-leksikon-tatko-mi-mi-e-najgolemiot-heroj-02.jpg

13. Кој ти е идол, а да не е позната личност?

Татко ми.

14. Кога би можел да си лик од цртаните, кој лик би сакал да бидеш?

Алан Форд.

15. Кои ти беа најомилени игри во детството?

Фудбал.

16. Најголема беља што си ја направил во детството?

Не се сеќавам, претежно бев мирно дете.

d-r-vladimir-chadikovski-za-crnobelo-leksikon-tatko-mi-mi-e-najgolemiot-heroj-03_1.jpg

17. Дали некогаш си се степал?

Никогаш.

18. Што правиш во слободно време?

Возам мотори и автомобили (олдтајмери).

19. Ако имаш времеплов, во кое доба би сакал да се вратиш?

Во времето кога одевме на море со воз без мобилен телефон и се јавуваш дома двапати - еднаш да кажеш дека си стигнал и вторпат да ти пратат пари.

20. Што немаш, а би сакал да имаш?

Гаража (хангар) за автомобили и мотори.

d-r-vladimir-chadikovski-za-crnobelo-leksikon-tatko-mi-mi-e-najgolemiot-heroj-02_1.jpg

21. Од што се плашиш?

Од просечност.

22. Кој ти беше прва симпатија? Знаеш ли каде е денес и што прави таа во животот?

Ви кажав имам 50 години, ха, ха... тешко е да се сетиш.

23. На која песна откачуваш во кафана?

Повеќе сакам во кафана да биде тивко.

24. Најдобро потрошени пари во животот?

Повеќе имам најлошо потрошени пари.

d-r-vladimir-chadikovski-za-crnobelo-leksikon-tatko-mi-mi-e-najgolemiot-heroj-05.jpg

25. Кое е најубавото место на светот?

Уште го барам.

Што би го прашал сопственикот на овој лексикон, а ние ќе ти одговориме?

Д-р Чадиковски: Дали треба секој да има пасија?

CRNOBELO.com: Апсолутно да, макар тоа била и страст за играње игрички на мобилен, споделување фотки на Инстаграм или скокање со падобран.

d-r-vladimir-chadikovski-za-crnobelo-leksikon-tatko-mi-mi-e-najgolemiot-heroj-06.jpg

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. 

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Таско за CRNOBELO лексикон: „Имав потенцијал за учење, но постојано се бунтував кај професорите“ „Ги излажав моите дека сум излезен во маало, а јас отидов многу подалеку, и се к...
Пајак за CRNOBELO лексикон: „Сакам да имам многу деца“ „Имам маче ангорче. Ѝ немаме дадено име, сите дома ја викаме Мац Мац ха, ха, ха“...
Снеже Велков за CRNOBELO лексикон: „На мајка ми ѝ исеков фустан со ножици, уште ми го памти тоа“ „Да имам времеплов, би сакала да се вратам во времето на Александар Македонски, ...
Стефан Лазаров за CRNOBELO лексикон: „Ми ja дупнаа главата со стап како дете“ Се сеќавате ли на лексиконите што ги пополнувавме во училиште, но криевме кој ни...
Ако имаш проблем - моли му се на Бог, ако немаш проблем - моли му се на Бог Во животот секој од нас има миг во кој се соочува со проблеми и предизвици. ...
Лила за CRNOBELO лексикон: „Сакав да студирам медицина, се гледав себеси како хирург“ „Немам комплекс, а баш би сакала да имам некој комплекс на море“ - Лила Филиповс...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg