Вреди да се биде носталгичен, ако се има за што

Носталгија…. многу присутна, интересна, но малку истражувана емоција. Нема кој не ја доживеал, освен најмалите, децата.

vredi-da-se-bide-nostalgicen-ako-se-ima-za-sto-01.jpg

Носталгијата е тајна која тешко може да се открие, во неа се собрани силни чувства, сеќавања на некои убави спомени и убави моменти, драги личности или роднини од родниот крај, тага, меланхолија, и тивка радост. Носталгијата е чудна мешавина од повеќе емоции.

Но, на почетокот од дефинирањето на носталгијата, не било така. Прв поимот носталгија го употребил швајцарскиот доктор Џонс Хофер, што е показател дека во прво време носталгијата била дефинирана како болест. Но, бидејќи психичките болести секогаш се проследени со неверувања во нивната природа, субјективизам и можност за манипулација, дефинирањето е секогаш отворено.

Носталгијата се смета како еден од главните фактори за појава на депресија. Ако носталгијата е сепак само подвид на копнеж, една од природните човечки емоции, тогаш да ги оставиме луѓето да копнеат, затоа што од копнеж се умира само во романтичната книжевност.

Секој почувствувал носталгија, не само оние кои се преселиле од едно место на друго. Можеме да бидеме носталгични за едно време-минато, за убаво поминат одмор во друга земја…

Но, поизразена и почеста е носталгијата кај личностите кои се преселиле од родниот крај, и копнеат по минатото, по бабините рецепти, по прошетките со пријателите во родното.

Колку ни помага или ни одмага носталгијата?

Доколку носталгијата се јавува повремено, таа нè поттикнува, нè разнежнува. Нè потсетува на убавите моменти и потајно сме среќни што сме имале шанса да ги доживееме, а нè прави тажни бидејќи знаеме дека тоа време нема да се врати, барем не со тој сјај.

Само доколку носталгијата е дел од нашето секојдневие тогаш веќе е проблем. Емоционалната регресија како што е носталгијата може да биде опасна за психичкото здравје и благосостојба на личноста. Може да влијае на мотивацијата и креативноста. Доколку личноста е заглавена во минатото, не е способна да креира, да има желби и цели. Нема желба за подобра иднина, нема идеи за иднина.

Нема лек за носталгија! Како што нема лек за непреболената љубов! Но, има и нешто убаво во сета таа меланхолија, во цело тоа мачење на душичката листајки по старите албуми по слики.

Вреди да се биде носталгичен, ако се има за што!

Н. Т. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Катарина Ивановска за CRNOBELO лексикон: „Во слободно време месам“ „Се скривме со другарка ми Ана зад кревет кога имавме 5 години. Нашите нè бараа ...
10 ју-хитови кои ги пеевме погрешно - и денес се смееме до солзи кога ќе се сетиме на нив Дали и вие наместо „Ostalo je još malo kremena u ovom mom starom upaljaču“ си пе...
Жарко Димоски за CRNOBELO лексикон: „Удрив кола во бандера на 5 години“ „Обично не стигнувам да откачам во кафеана, зашто секогаш ме тераат да пеам, па ...
Девојче е претепано од врснички – Ова се генерации на изгубени деца, „испуштени од рацете“ на родите... Вознемирувачко видео се прошири на социјалните мрежи и медиуми, во чиј опис пишу...
„Ќе дојде тетка ти од Србија, ти бриши ги прозорците, заедно ќе го исчистиме фрижидерот“ Ние како и секоја нормална македонска фамилија, ја исчистивме куќата, се искарав...
Игор Џамбазов за CRNOBELO лексикон: „Немам деца, а би сакал да имам“ „Срушив трафика на Нова Македонија со моторче, кога имав 13 години“ - напиша Иго...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg