Жарко Димоски за CRNOBELO лексикон: „Удрив кола во бандера на 5 години“
- Детали
- петок, 24 мај 2024
„Обично не стигнувам да откачам во кафеана, зашто секогаш ме тераат да пеам, па другите околу мене откачуваат“ - актерот Жарко Димоски се потпиша во нашиот лексикон.
Актерот Жарко Димоски, кој веќе некое време живее и работи на релација Скопје - Белград, одговара и на името Жатрикс, прекар што го добил во Театар Комедија.
Вели, кога би имал временска машина, би сакал да се врати во три различни периоди - во Средниот век, во времето на прохибицијата, но и во времето на дивиот запад.
Жарко ни откри многу интересни работи за себе - тој се потпиша во лексиконот на CRNOBELO.com:
1. Како се викаш и дали имаш прекар?
Жарко Димоски, официјално немам прекар, иако низ годините сум имал неколку, но најзапаметен е театарскиот, а тој е Жатрикс.
2. Колку години имаш и што си во хороскоп?
Роден сум на 29.07.1989, наскоро ќе полнам 35 години. Во хороскоп сум Лав, подзнак - Скорпија.
3. Која ти е омилена песна? А пејач и пејачка?
Омилена песна е Brucia La Terra, а омилени пејачи ми се Дин Мартин и Том Џонс.
4. А омилена книга?
„Кум“ и „Плацебо сте вие“.
5. Омилен глумец, глумица, филм, серија?
Омилени актери ми се Ал Пачино, Том Харди, Саша Ѓурашевиќ. Филм - Godfather, a серија The Last Man on Earth.
6. Имаш ли омилен спорт, клуб, спортист? За кого навиваш?
Не следам спорт, иако го практикувам.
7. Имаш ли милениче? Како се вика?
Имам, секако, се вика Марли. Toa e кученце од расата малтезер и апелирам секој да има домашен миленик.
8. Кој ти е среќен број?
Бројот 3.
9. Кој ти е омилен виц?
Имам многу зашто ги обожавам и најчесто ги интерпретирам, па затоа не би можел да го напишам, нема да бидам сфатен, ха, ха. Инаку, омилен ми е оној за двата бува на дрвото крај гробот.
10. Кој ти е омилениот пијалак? А храна?
Пијалак - ладна вода од која било планинска река. Омилено јадење - ossobuco (специјалитет од јагнешко месо со црвено вино и зеленчук).
11. Кој ти е најдобар другар/ка? Колку долго се дружите?
Нашето друштво брои 4 членови и најдобри другари сме веќе 26 години.