Кога сте изморени од сè, само сетете се...
Сите се изморуваме, и не само во физичка смисла, така што, понекогаш, остануваме без сила. Имаме желба да се откажеме од сè, да се предадеме и да се затвориме. Но, знаеме дека тоа не е излез.
Кога ќе се чувствувате токму така, само потсетете се на овој текст. Длабоко дишете, читајте и впивајте ги зборовите.
Светот во кој живееме нè исцрпува. Тој не е нежен. Изморени сте, дури и од тоа што живеете во него. Изморени сте затоа што премногу сакате, се грижите, давате сè што имате, а ништо не ви се враќа. Изморени сте од неизвесноста. Од монотонијата на секојдневниот живот.
Некогаш имавте светлина и надеж, оптимизмот го надминуваше цинизмот, бевте подготвени да дадете одново и одново. Но, скршеното срце, неисполнетото ветување или неуспешните планови – сè тоа постепено ве врати на земја.
Светот не секогаш бил добар кон вас, и премногу сте губеле, повеќе отколку што сте добивале, а сега немате никаква инспирација повторно да пробате...
Вистината е дека сите сме изморени. Секој еден од нас. По одреден број години, сите сме армија на скршени срца и болни души, кои очајно бараат хармонија.
Сакаме нешто повеќе, но премногу сме изморени да го бараме тоа. Не ни се допаѓа каде се наоѓаме во моментов, но премногу сме исплашени да започнеме од почеток. Треба да преземеме ризик, но се плашиме дека сè околу нас може да се распадне. На крајот од краиштата, не сме сигурни колку пати ќе можеме да започнеме сè од почеток.
Изморени од игрите кои ги играме, лагите кои ги кажуваме, несигурноста која си ја пружаме еден на друг. Не сакаме да ставаме маски и да играме улоги, но ништо друго не ни останува, затоа што и самите не сме сигурни во својот избор.
Знаеме колку е тешко да продолжите нешто да правите и да се обидувате да ги земете работите во свои раце, кога менталната сила ви е на само едно издишување пред крај. А оние оптимистичките идеали некогаш негувани, сега изгледаат како безнадежни и глупави.
Но еве, замислете си, кога веќе сте толку блиску до предавањето, што ако направите уште еден обид? Со последниот атом од силата која ви остана?
Многу повеќе си го сакате животот отколку што можете да замислите. Во состојба сте да дадете многу повеќе љубов, повеќе надеж и страст отколку што давате во моментов. Сакате моментални резултати и се предавате затоа што не гледате ефекти. Се чувствувате разочарани заради недостигот на повратна информација, и едноставно, тоа ве тера да се откажете.
Сфатете дека никој од нас не е инспириран секој ден. Сите се исцрпуваме. Сите паѓаме во разочарување. Сите се изморуваме. Но, факт е дека ако сте при крај со силите и сте целосно изморени, не значи дека стоите во место.
Кога сте изморени, движете се полека. Движете се мирно, без брзање. Но, не запирајте.
Изморени сте од сосема објективни причини. Изморени сте затоа што многу работи сакате да се променат. Изморени сте затоа што растете. И понекогаш, сосема е во ред тој раст да ве надвладее.