Најубавите пораки за 8 Март што можете да им ги испратите на жените во вашиот живот

„Кога помислувам на силна жена, помислувам на тебе. Ти си мојот суперхерој кој секогаш е тука за мене. Ти благодарам за она што си“.

najubavite-poraki-za-8-mart-shto-mozhete-da-im-gi-ispratite-na-zhenite-vo-vashiot-zhivot-01_1.jpg

8 Март е Денот на жените, ден кога треба да се присетиме на нивната борба за рамноправност и еднакви права.

Не заборавајте ги најважните жени во вашиот живот и честитајте им го празникот, па направете да се чувствуваат посебни, сакани и вреднувани.

Неколку пораки со кои може да им го честитате 8 Март на жените во вашиот живот:

Само жената може да биде на работ на смртта и да подари живот во исто време. Биди горда што си жена! Среќен 8 Март!

Ти благодарам за сето време и за сите насмевки кои ми ги подаруваш, правејќи ми го животот поубав. Среќен празник!

Кога помислувам на силна жена, помислувам на тебе. Ти си мојот суперхерој кој секогаш е тука за мене. Ти благодарам за она што си. Среќен 8 Март!

Она што сум денес, е благодарение на тебе. Ти си мојата инспирација и мотивација. Мојата причина да продолжам понатаму. Среќен 8 Март!

najubavite-poraki-za-8-mart-shto-mozhete-da-im-gi-ispratite-na-zhenite-vo-vashiot-zhivot-03.jpg

Среќен празник на жената која никогаш не престанува да се обидува, сè додека не успее. Ти ме научи колку е важно да се исправам секогаш кога ќе паднам. Бескрајно ти благодарам!

Ти си мојот непобедлив водич. Животот без тебе би бил невозможен. Ова е денот кога треба да прославиме што Бог те испратил кај мене. Среќен 8 Март!

Жената е нешто многу повеќе отколку само човечко суштество. Таа ја има моќта да подари живот, да се соочи со сета болка и на крајот секогаш да биде онаа која е најсилна. Среќен празник!

Секој ден е нова можност за нови постигнувања, но нека денешниов ден ти биде посебен и незаборавен. Среќен 8 Март!

najubavite-poraki-za-8-mart-shto-mozhete-da-im-gi-ispratite-na-zhenite-vo-vashiot-zhivot-02.jpg

Зад секоја успешна жена, стои таа самата. Среќен празник!

Најдобрата заштита која може да ја има една жена, е нејзината храброст. Биди горда со секој нов чекор. Среќен 8 Март!

Не постои нешто посилно од жената која решила да успее. Среќен празник!

Биди свесна дека твојот глас може да го смени светот. Не дозволувај ништо да го засени светлото кое излегува од тебе. Среќен празник!

М. Ѓ. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 причини зошто добрите жени поминуваат најлошо во животот Добрата жена не знае да каже 'НЕ'. Добрата жена ќе подголтне и нема да се кара. ...
„Порака до швалерката на мојот маж: Не ни сонував дека еден ден ќе ти бидам благодарна“ „Неговото неверство ме повреди на начин на кој не можев ни да замислам, но ме ск...
Лила за CRNOBELO лексикон: „Сакав да студирам медицина, се гледав себеси како хирург“ „Немам комплекс, а баш би сакала да имам некој комплекс на море“ - Лила Филиповс...
Таско за CRNOBELO лексикон: „Имав потенцијал за учење, но постојано се бунтував кај професорите“ „Ги излажав моите дека сум излезен во маало, а јас отидов многу подалеку, и се к...
„Елката што ја украсуваме секоја година е многу стара, но за мене е посебна“ „Оваа елка е стара и има видено многу работи и многу ја сакам. Не би ја заменила...
Пејачот Даниел Данн за CRNOBELO лексикон: „Еден ден би сакал да имам ранч со животни“ „Првата симпатија ми беше уште од училишните клупи и се немаме видено многу одам...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg