Мудра приказна: Интервју за работа

Едно младо момче барало работа како телеграфист. Открило оглас кој бил објавен во еден весник и отишло на наведената адреса.

intervju-za-rabota-01.jpg

Тука видео голема канцеларија каде сè се одвива набрзина, канцеларија која е исполнета со џагор и бука, а негде во позадината чукал телеграф.

На еден натпис на ѕидот пишувало како кандидатот за телеграфист треба да седне и да чека за да биде повикан во канцеларијата.

Пред младото момче чекале најмалку 10-на кандидати.

Седнал и како и останатите чекал.

По неколку минути младичот станал и влегол во канцеларијата. Останатите кандидати започнале да мрморат и да коментираат.

Наскоро на вратите пред канцеларијата се појавил директорот и рекол:

- Господа, можете да си заминете. Местото е пополнето.

Едниот од кандидатите нервозно рекол:

- Тој човек кој го примивте дојде последен. Ние не добивме никаква можност ни да разговараме со вас. Не е фер!

Директорот на канцеларијата одговорил:

- Жалам господа, но нашиот телеграф со Морзеова азбука пишуваше порака: „Ако ја разбирате оваа порака, веднаш влезете. Работата е ваша“.

Би можело да ве интересира:

Игор Џамбазов за CRNOBELO лексикон: „Немам деца, а би сакал да имам“ „Срушив трафика на Нова Македонија со моторче, кога имав 13 години“ - напиша Иго...
„Кога мајка ми дојде на гости, ми ги зготви сите омилени јадења и домот ми беше беспрекорно чист“ „Си играше со моите деца, беше до продавница, го прошета кучето... Се прашувам з...
И кога имате над 50 години не запирајте - животот допрва почнува Во минатото жените на таа возраст плетеле чорапи и полека почнувале да одат на г...
Полесни ми беа домашните како дете, отколку како родител – Ги разгалуваме ли несвесно децата? На Фејсбук деновиве се вртеше едно меме во кое верувам дека се пронајдоа голем б...
Во свет каде што не се гледа бесконечниот, тежок товар на мајките, вие го забележавте... „Ти си прекрасна мајка“, ми кажавте откако си зедовте за право да ми помогнете в...
„Вашето дете е расеано!“ – ми велат, но го сакам такво какво што е и не би го менувала за ниту едно ... Тргнала да си оди од училиште, но го видела другарчето дека е тажно, па за да го...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg