10 совети како да останете позитивни кога ситуацијата делува безизлезно
Лошите работи во животот на сите им се случуваат , но тоа не значи дека тие треба драстично да влијаат на вашето расположение. Можете секогаш да гледате позитивно дури и на овие работи.
Можеби паѓа дожд и тоа во овој момент не ви се допаѓа, но можете да бидете благодарни на свежите овошје и зеленчук кои ќе ги јадете благодарение на дождот, па и кога некој ве повредил имајте на ум дека само така можете да научите нешто и да бидете посилна личност.
Познатиот американски психолог Алберт Елис објаснува како да ги согледате работите за да ги доживеете како позитивни:
1. Минувајте што е можно повеќе време со луѓе кои ве засмејуваат
Животот се сведува на мигови кои ги минувате со оние кои ве прават среќни. Избегнувајте луѓе кои ве нервираат и бидете со оние кои ве смеат. Дружете се со луѓе во кои верувате. Понекогаш сè што ни е потребно е некој да не сослуша, а тоа најдобро е да го направите пред личност во која имате доверба.
2. Согледајте до каде сте стигнале
Можеби моментално се наоѓате во некоја непријатна ситуација, но сте минале многу во животот за да бидете онаму каде што сте сега. Прифатете ги сите работи што ви се случуваат во животот и не дозволувајте сегашните ситуации да влијаат на вашите цели.
3. Советувајте се со стручна литература за вашиот проблем
Не постои ништо што претходно не се случило или нешто што никој претходно не го доживеал, па наместо да се препуштите на жалење, соберете книги и погледнете што тие викаат за вашиот проблем и како другите го преживеале.
4. Прифатете ги емоциите кои ве вознемируваат
Ова може да ви звучи контрадикторно, но верувале или не прави чуда. Прифатете го фактот дека ситуацијата во која сте се нашле и не ви се допаѓа ќе направи навистина да се чувствувате и да ги процесирате тие непријатни информации. Преминете преку негативноста и обидете се позитивно да гледате на ситуацијата.
5. Анализирајте ги работите кои ве довеле до таа ситуација
Дали го изгубивте работното место или во прашање се стресот и анксионзноста? Дали можеби ве мачат фрустрации или депресија? Што ги предизвикало вашите емоции и ситуацијата во која сте сега? Откријте ја причината за вашето незадоволство, бидејќи полесно е да се изборите со проблемите кога ги знаете нивните причини.
6. Побарајте помош од оние кои може да ви помогнат
Ако ситуацијата ја доживувате како безизлезна не се затварајте во себе и слободно побарајте помош. Тоа може да биде некој кој бил во слична ситуација или некој на кому длабоко му верувате за да можете да ги споделите сите лични емоции.
7. Ослободете се од контролата и желбата за совршенство
Понекогаш ситуацијата не може да се контролира, но наместо да се обидувате да ја промените истата, прифатете ги поразите и не се обидувајте да ја контролирате ситуацијата. Некои работи се надвор од ваша контрола и тоа најдобро е побргу да го сфатите, бидејќи контролата дополнително ќе ви предизвикува фрустрации.
8. Секогаш очекувајте позитивни последици
Некои истражувања на плацебо ефектот тврдат дека очекувањата се во директна врска со реалноста. Оние испитаници на кои им било кажано дека ќе почувствуваат болка, навистина ја чувствувале иако немало извор на болка. Така, ако очекувате дека ќе ви се случат лоши работи и навистина ќе ви се случат.
9. Заборавете на луѓето кои го осудуваат вашиот труд
Некои луѓе можеби константно ве осудуваат кога минувате низ тешките животни мигови. Никој ен е имун на борбите и болките кои ги искусуваме во животот. Оние кои ви се смеат или ве осудуваат не се ништо подобри од вас и не вреди да го трошите вниманието на нивните зборови. Наместо тоа, насочете се кон разрешување на вашите проблеми.
10. Радувајте се што подоцна ќе се гордеете на тоа како сте го минале тешкиот период
Лошиот период во животот е можност да ја покажете вашата сила. Се додека сте живи и давате сè од себе за да ги поправите лошите ситуации имајте на ум дека постои надеж дека и ќе успеете во надминување на лошите ситуации.
Запомнете: Лошите ситуации се она што го прави излегувањето од нив потриумфално.