Вистината за добрите дела: Тие секогаш се враќаат
Еден 18-годишен студент кој бил и сирак бил запишан на американскиот Универзитет Стенфрод во 1892 година и се мачел да ја плати школарината.
Не знаел кому да се обрати за помош па смислил интересна идеја. Заедно со пријателите одлучил да организира музички концерт на кампусот на Универзитетот за да собере донации од посетителите.
За концертот го повикале тогашниот познат полски пијанист Педеревски кој се согласил да го одржи концертот за тогашни 2.000 долари. Склучиле договор и Педеревски настапил во Стендфорд.
За жал не продале доволно карти и заработиле само 1.600 долари. Разочарани отишле кај уметникот и му ги дале сите пари и чек со преостанатите 400 долари кои требале да му ги исплатат.
Попатно му објасниле зошто го организирале концертот.
Педеревски на тоа одговорил: „Ова не е прифатливо!“. Го земал чекот го искинал и им ги вратил парите велејќи им: „Еве 1.600 долари. Одземете ги од тоа сите трошоци за подготовката на концертот. Остатокот од парите задржете го за да ја платите школарината и вратете ми го она што ќе ви остане“.
Студентите биле пресреќни.
Педеревски бил познат како голем борец за независност на Полска, а подоцна станал и премиер.
Кога почнала Првата светска војна, на Полска сите контакти и биле прекинати и гладувале повеќе од 1.5 милиони луѓе.
Педеревски очаен и се обратил на американската влада за помош.
Шефот на американската Агенција за храна и помош, Херберт Хувер, кој подоцна станал и претседател на Америка решил да и помогне на Полска и веднаш пратил тони житарици за да престане гладот во Полска.
Потоа Педеревски се одлучил да оди во Америка и лично да му се заблагодари на Хувер.
Кога пристигнал и почнал да ја искажува својата благодарност, Хувер го прекинал и му рекол:
„Не треба да ми се заблагодарувате господине премиеру. Вие веројатно на ова не се сеќавате, но пред неколку години им помогнавте на двајца студенти да ги завршат своите студии. Јас сум еден од нив“.
Кога луѓето ќе се најдат во првобитната ситуација на Педеревски, најчесто размислуваат на тоа како повеќе ќе бидат во загуба ако помогнат некому. Големите луѓе си го поставуваат прашањето: „Ако не му помогнам, што ќе биде со овој човек?“ и не очекуваат ништо за возврат.
Но, добрите дела во главно се враќаат.