Антониа Гиговска за CRNOBELO лексикон: „Прв симпатија ми беше наш познат пејач“
- Детали
- сабота, 09 март 2024
„Дали е мана не знам, ама лесно се заљубувам. Нормално, ако тој некој има нешто на кое јас не можам да останам имуна“, напиша Антониа во лексиконот на CRNOBELO.
Пејачката Антониа Гиговска се потпиша во лексиконот на CRNOBELO.com.
Таа ни откри каков ученик била, кој ѝ бил прв дечко, каков ѝ бил првиот бакнеж...
Ова се нејзините одговори:
1. Како се викаш и дали имаш прекар?
Антониа, Тоња, Тонка.
2. Колку години имаш и што си во хороскоп?
23, Водолија, родена сум на 21 јануари 2001 година.
3. Која ти е омилена песна? А пејач и пејачка?
Уф... „Љубена“, Дуа Липа, Тоше Проески, Џастин Бибер.
4. А омилена книга?
Не читам многу, искрено, па и немам некоја омилена.
5. Омилен глумец, глумица, филм, серија?
Актер Лијам Нисон, филм „Taken“, серија - „Game of Thrones“.
6. Имаш ли омилен спорт, клуб, спортист? За кого навиваш?
Немам омилен спорт, но следам ракомет. Спортист - Кире Лазаров (братучед ми).
7. Имаш ли милениче?
Немам.
8. Кој ти е среќен број?
13.
9. Кој ти е омилен виц?
Немам.
10. Кој ти е омилениот пијалак? А храна?
Пијалак Бејлис, а храна - макарони во каков било сос.
11. Кој ти е најдобар другар/ка? Колку долго се дружите?
Имам и најдобар другар и другарка, а се дружиме веќе 5 години сигурно.
12. Каков ученик беше? Кој ти беше омилен предмет?
Бев одлична ученичка.
13. Кој ти е идол (а да не е позната личност)?
Немам таков идол.
14. Кога би можела да си лик од цртаните, кој лик би сакала да бидеш?
Некоја Барби или Ариел.
15. Кој е најглупавиот подарок што си го добила?
Мислам дека нема таков.
16. Најголема беља што си ја направила во детството?
Не бев бељаџичка, искрено.
17. Дали некогаш си се степала?
Не, не сум тип што влегува во конфликт, ги избегнувам.
18. Што правиш во слободно време?
Вежбам и одам на часови по пеење.
19. Ако имаш времеплов, во кое доба би сакала да се вратиш?
Во 2012-2013 година.
20. Што немаш, а би сакал да имаш?
Викендичка или куќа на море.
21. Дали досега си бил вљубена? Во кого?
Во сите. Јас сум со заљублива природа, дали е мана не знам, ама лесно се заљубувам. Нормално, ако тој некој има нешто на кое јас не би можела да останам имуна.
22. Кој ти беше прв симпатија? Знаеш ли каде е денес и што прави во животот?
Прв симпатија ми беше познат, порано многу актуелен пејач. Тој и денес пее и се занимава со музика.
23. Се сеќаваш ли на првиот бакнеж? Каков беше?
Да, детски, ха, ха.
24. Како ти се викаше првиот дечко?
Мартин.
25. Која песна те потсетува на него?
„Let Her Go“.
Што би го прашала сопственикот на овој лексикон (CRNOBELO.com)?
Антониа: Која моја песна ви е омилена?
CRNOBELO.com: Се двоумиме меѓу „Магнет“ и „Магла“, иако хит последниве неколку недели ни е „Мразам што те сакам“. Ќе дојдеш да ни ја испееш во живо?
©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
А. Ј. | Црнобело