Не е важно што ќе правите во вашите 20-ти
Не е важно дали ќе талкате низ непознати земји или ќе го најдете местото кое ќе го нарекувате свој дом, дали ќе најдете љубов или ќе ја изгубите, дали ќе правите сè што посакувате или ќе сакате сè што правите.
Не е важно дали ќе се забавувате сè додека нозете не ви паднат или ќе научите како да се грижите за себеси, дали ќе се препуштите на најдивите импулси или ќе ги контролирате.
Не е важно дали сте ја нашле работата од соништата или сè уште не сте потполно сигурни што ќе правите со животот.
Не е важно што правите во 20-тите.
Единственото нешто што е важно сте вие во овој миг, во наредните 24 часа.
Многу често ги испробуваме туѓите идентитети и ги прифаќаме како свои, без добро да се насочиме кон себеси, кон нашите потреби, кон нашите ставови, сфаќања, верувања, надежи...
Дали некогаш сте си го поставиле прашањето: „Што јас сакам?“. Тргнете ја на страна желбата да се покажете пред другите, желбата да имате 100 лајкови на Фејсбук или Инстаграм или Твитер или која и да е социјална мрежа која ја употребувате.
Тргнете ги на страна желбите на вашите родители кои се длабоко вкоренети во почвата под која одите.
Тргнете ја на страна улицата на која сте пораснале и каде сте го минале цело детство. Улицата на која сте го имале првиот ластик, првиот вистински пријател, првото излегување до полноќ, првиот бакнеж...
Тргнете ги на страна барањата од вашите пријатели или партнерот.
Тргнете ги сите окови кои ве заземјуваат за ова општество и запрашајте се:
Што сакам ЈАС од мојот живот?
Автор: Н.Г. | Црнобело