Дали и ти си имала промискуитетна фаза?

Ти се чини како да живееш со полни гради и дека лудо се забавуваш и одлично ги минуваш деновите, но спиењето со различни мажи или одржувањето на повеќе паралелни односи не е живот туку глад и бес.

dali-i-ti-si-imala-promiskuitetna-faza-1.jpg

И никогаш работите не завршуваат добро.

Некој кондом пука, па умираш од страв случајно да не си собрала некој вирус или ДНK пакет. Пакет за кој си сигурна дека не сакаш да го отвориш и распакуваш бидејќи доаѓа од некој за кој си сигурна дека и идиот и прави да се чувствуваш како идиот на квадрат со самиот факт што си решила да завршиш во кревет со него.

Или можеби некој по грешка се затрескал до уши во тебе и бара од тебе врски и прави љубоморни сцени, па единствено нешто што ти преостанува е да го промениш телефонскиот број бидејќи не можеш да се иселиш од дома.

И повторно си лута самата на себе си затоа што си се сплеткала со идиот. Тогаш веќе ни сексот не е забавен.

Или можеби ти се затреска во типот кој е прилично дистанциран, а тебе ти се чини дека е софистициран само затоа што во кревет бил нежен и постраствен за разлика од сите останати со кои си спиела.

Сè на сè, работите завршуваат бурно и во ниту еден случај на добро.

Волчешки гладуваш се додека не ти досади од тебе и од нив и од сексот и од сè.

Тогаш веќе преминуваш во следната фаза токму онаа кога долг период не сакаш никаков контакт само затоа што сите сили си ги потрошила на површни односи во кои никогаш не можеш да допреш до човечноста и топлината.

Така е со промискуитетноста. Таа е како минско поле од кое не остануваш без рани.

После оваа фаза следува онаа мирната „световна“ фаза кога се крстиш и чудиш од тоа што ти се случило и како воопшто дојде до таа фаза на волчешки глад.

Се чистиш од токсичните влијанија и се преиспитуваш. Ја повлекуваш било која агресивност, директна или суптила, насочена кон мажите и во потрага си по одговори.

На кого сакаше да му се одмаздиш? Што воопшто сакаше? Што постигна?

Сите оние будалаштини и различни лица кои излегле на површина.

Така ако некогаш воопшто мислиш дека со промискуитетноста ќе наидеш на оној вистинскиот знај дека си погрешила во пресметките.

Ќе сфатиш дека на тој начин нема да се пронајдеш дури ни самата себе си.

Токму затоа размисли двапати дали сакаш да извлечеш некоја од оние идиотски личности надвор од длабочините. Некоја од оние личности кои не се скротени и добро воспитани.

Би можело да ве интересира:

Таско за CRNOBELO лексикон: „Имав потенцијал за учење, но постојано се бунтував кај професорите“ „Ги излажав моите дека сум излезен во маало, а јас отидов многу подалеку, и се к...
„Порака до швалерката на мојот маж: Не ни сонував дека еден ден ќе ти бидам благодарна“ „Неговото неверство ме повреди на начин на кој не можев ни да замислам, но ме ск...
Мали мудрости на кои може да нè научат само нашите мајки Мајка ми велеше: „Ако веќе разговараш со оние што не те сакаат, тогаш тоа нека б...
Секој маж може да добие дете, но тоа не го прави „татко“ Биолошкиот родител претпоставува дека ја заслужил љубовта на своите деца само за...
Стефан Лазаров за CRNOBELO лексикон: „Ми ja дупнаа главата со стап како дете“ Се сеќавате ли на лексиконите што ги пополнувавме во училиште, но криевме кој ни...
Кога стана толку безобразно скапо да се излезе на „пијачка“ во Скопје? Јас сум од времето кога џин-тоник беше 60 денари, шише пиво се продаваше за 50, ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg