Поучна приказна: Од што зависи слогата на 7 браќа?
Некогаш одамна еден татко имал 7 синови. Кога бил болен и на постела, ги собрал сите околу него и им рекол:
- Сите земете по една прачка и пробајте да ја скршите.
Секој син ја искршил прачката без проблем.
- А сега, дајте ми ги сите 7 прачки.
Таткото ги земал и ги врзал со еден коноп, цврсто.
- Сега, да видам кој ќе може ова да го скрши!
Секој од синовите се обидел, но ниту еден не успеал да ги искрши прачките споени заедно.
- Запаметете ја поуката, им рекол таткото. Ако бидете заедно, никој ништо нема да ви може.
По лекцијата, сите браќа седнале на ручек. На сите кои ги сретнале им ја објасниле лекцијата од нивниот мудар татко и им нуделе да ги искршат сите прачки врзани заедно.
Никој не успеал.
На келнерот му смачило да ја слуша приказната, па ги земал прачките. Но, наместо да се обиде да ги скрши, само го одврзал конопот и ги скршил една по една.
- Имам и јас една порака, им рекол на браќата.
- Силата не е во прачките што се еден до друг, туку во конецот кој ги држи заедно.