12 фази на пијанствата со пријателките
Сите ние речиси секој викенд го минуваме со најблиските пријателки и секако се одлучуваме за лудо забавување пропратено со алкохол. Вотка најчесто. А како изгледа една вечер помината во пиење?
Ова се 12 фази низ кои најчесто сите девојки минуваат.
1. Првичните подготовки
Вечерта е млада. Штотуку ги облековте вашите омилени штикли, завршивте со пеглањето на косата и се упативте кон пријателката каде сите се чекате. Една голтка дома доста е. Колку побрзо да оди пешачењето до таксито кое ве чека. За 10-тина минути пристигнувате кај вашата најдобра пријателка и тука кога сите сте на „купче“ започнувате со плановите. Каде? Како? Важно е да бидете на место каде нема да се појави бившиот и најважниот момент – договорите за тоа кој колку ќе пие. Секако длабоко во себе знаете дека плановите за контрола на тоа колку чашки ќе испиете нема да се исполнат.
2. Завршните подготовки
Е тука веќе започнувате да се загревате. Една од пријателките ви кажува дека со тој фустан до крајот на вечерта ќе изгледате како да сте излегле од некакво дувло и веднаш мора да се прелиста плакарот. Уште неколку пати се облекувате и пресоблекувате сите заедно сè додека не стигнете до крајната цел. Ова фаза е проследена со омилените песни кои секако се повторуваат одново и одново и може понекогаш од нив да излезат интересни видеа од лудите танцови точки.
3. Фотографски докази
Пристигнувате во дискотеката... Конечно и едно селфи е морална должност. И подобро е така. Ќе може да ви послужи како доказ дека на почетокот на вечерта сите сте изгледале како прекрасни принцези подготвени за бал. Тука е вистинскиот почеток на вечерта.
4. Забавни будали
Ова фаза зависно од тоа која е брзината со која ги пиете вотките ќе започне некаде од 15 минути по влегувањето до половина час. Во оваа фаза малку сте „дрмнати“ и сите играте, но како и секое друштво имате една пријателка која со сигурност може слободно да ја засрами и Шакира. Од стомачни танци до тверкање.
5. Фаза „Не си свееееесна кооооолку те сакам!!“
Веќе извесен период сте во дискотеката и чашките слободно и многу лесно летаат. Знаете дека сте во оваа фаза затоа што започнуваат бескрајните изјавувања на љубов и комплименти кон пријателките. Ниту досадните додворувачи не ви пречат во овие мигови. Секако преминувате во фаза на игнорирање наместо да ја заокружувате цела дискотека за да можете да избегате.
6. Икс/Екс документи
Тука веќе нема спас. Алкохолот толку многу ве има удрено во глава што на површина излегуваат и оние најдлабоките емоции и сокриените фрустрации. Во глава повторно ви се врти бившиот. Можеби го „манијачевте“ на Фејсбук, но ништо не им кажувавте до сеа на пријателките. Е сега веќе нема контрола. Во овие моменти доаѓа некој да ве утеши и да ве натера да се вратите во форма.
7. Времеплов
Како што почнавте со бившиот со кој раскинавте пред 3 месеци, продолжувате со враќање наназад во времето и сеќавањата на сите мигови кои сте ги поминале со пријателките. „Се сеќавате на 2007? Тоа беа тие времиња. Аххх, деновите кога ги минувавме во градски парк...“
8. Сè е заматено
Ако не се одлучивте да престанете со алкохолот до сега, следи фазата на заматен поглед и лоша координација. Тука веќе некој може да успее и да падне. Не е до пијанството, до штиклите е. Во оваа фаза следи селфи број два. Така утрото ќе ви биде позабавно, кога ќе си ги видите „изобличените“ лица со едвај отворени очи.
9. На здравје за другарувањето
Веројатно знаете дека треба да престанете со пиењето, но една од пријателките купила уште неколку текили. Не е фер да ја одбиете. Подобро да ја издржите уште оваа пијачка. Тука има многу наздравувања и извикувања. Веројатно на другите во дискотеката по малку им пречите, но тоа воопшто не е важно. Вие убаво си поминувате.
10. „Го правам ова за твое добро“ фаза
Во оваа фаза мерите кој ви е вистински пријател. Емоциите повторно навираат и сфаќате дека сакате да вратите на пораката „за една вечер“ на маалскиот фраер. Добрата пријателка само ќе ви посочи дека не е пожелно тоа да го правите. Вистинската пријателка насилно ќе ви го собере телефонот сè додека не се освестите и сфатите кон каде оди работата.
11. Сендвичара
Журката завршува и многу добро знаете дека е време да си одите дома. Оние расположените за пешачење се упатуваат кон првата сендвичара да чекаат за дополнителни 1.000 до 1.500 калории кои утре ќе мора да ги согорат со напорен тренинг. Оние помрзливите викаат такси и повторно ќе ја изедат истата количина на храна со тоа што утредента веројатно ќе ја поминат на двоседот со сериите.
12. Конечно дома
Заврши ноќта. Веројатно е некаде помеѓу 4 и 5 часот наутро, ама сè уште не сте поспани и плус си давате малку време за релаксација. Во оваа фаза од најголема важност е малку да се подосвестите. Ако постои и мала шанса да се одлучите да заспиете веднаш по пристигнувањето дома, со сигурност остатокот од денот ќе го минете во тоалетот.
До која фаза стигнувате вие?