Вистинска приказна: Работам како чистачка во странство!
Мојата девојка живее во странство. Како и повеќето луѓе на Балканот кои ја преминуваат границата, и таа работи за компанија за чистење.
Повеќето од тие луѓе кога ќе се вратат обично продаваат приказни за тамошните факултети, адвокати, доктори...
Еднаш мојот пријател ја праша девојка ми со што се занимава. Очекував дека ќе излаже, како што правев и јас кога ме прашуваа за неа. Се правев дека не знам што прави.
Таа со широка насмевка и многу горделиво му одговори дека чисти.
Чистачка. Цело друштво се погледна, а таа продолжи.
„Вие не правите ништо? И не треба. Јас на крајот од месецот имам чист образ, полн паричник и насмевка. Иако понекогаш рацете ми се валкани, образот и душата не ми се.“
Бев толку горд на неа. Се срамев од себе и своите пријатели.
За минута ме научи на многу важна лекција.