Моментите кои сигурно ќе ве натераат да се насмевнете од срце!
Постојат животни моменти на кои секогаш кога ќе се потсетиме насмевката на нашето лице е неизбежна.
Овие се неколку од тие ваши и наши животни моменти кои сигурно ќе измамат насмевка на вашето лице.
- Моментот кога ќе се потсетите на вашиот стил на облекување од детството.
- Моментот кога ќе се потсетите на првиот бакнеж или сексуално искуство кое не било баш толку добро како што сте го замислувале, а бакнежот лигав.
- Моментот кога се потсетувате на фризурата која сте морале да ја носите преодредена од вашата мајка.
- Моментот кога се потсетувате на детските игри на улица со другарчињата кои веќе заминале по својот животен пат.
- Моментот кога се потсетувате на првото раскинување поради непостоечка причина измислена од ваша страна.
- Моментот кога се потсетувате на вашата класна запомнета по нејзината закана „Ќе видиш кога ќе го викнам твојот татко на родителска”.
- Моментот кога се потсетувате на најлошото лизгање/паѓање на мразот во зима.
- Моментот кога се потсетувате на кратката фобија предизвикана од давење во плиткото кога сте учеле како да пливате првпат.
- Моментот кога се потсетувате на вашата прва испеана песничка на училиште или играњето за патронатот пред сите ваши другарчиња.
- Моментот кога се потсетувате на првите солзи пуштени за симпатијата која не ве забележувала.
- Моментот кога сте решиле за првпат да пробате алкохол или цигара и сте се закашлале гласно од истите.
- Моментот кога сте останале за првпат до доцна по полноќ, без дозвола од вашите родители и стравот кој сте го чувствувале на патот до дома плашејќи се од шлаканица.
- Моментот кога за првпат сте се степале со некого на улица од глупава причина.
- Моментот кога ќе се присетите на вашиот прекар од детството кој сте го мразеле.
- Моментот кога ќе се присетите на првиот состанок со првото момче/девојка.
- Моментот кога ги гледате семејните фотографии или групните фотографии од основно/средно училиште на кои воопшто не наликувате на себеси.
- Моментот кога ќе се потсетите на матурската вечер и како сте изгледале на истата, потресени од стравот дека нема да изгледате совршено како таа вечер да е крај на светот.
- Моментот кога сте ја добиле првата „корпа“ од некоја симпатија.
- Моментот кога ќе се потсетите каква музика сте слушале порано, а каква слушате сега.
- Моментот кога ќе се потсетите на најоткачениот пријател од детството кој не е повеќе дел од вашиот живот.
Со кој момент би ја дополнале листата?