Приказна за 10 минути: Кој е навистина важен човек?

Жан излегол со својот дедо на прошетка низ Париз. На едно место слушнале како некој човек го навредува чевларот.

prikazna-za-10-minuti-koj-e-navistina-vazen-covek-01

Тврдел дека нешто не е во ред со неговите чевли. Чевларот само мирно ги слушал критиките, се извинил и ветил дека ќе ја поправи грешката.

По 10 минути Жан и дедо му седнале во еден ресторан.

Келнерот го замолил човекот на соседната маса малку да го помести столчето за да може да помине. Наеднаш човекот бурно изреагирал, се развикал и одбил да се помести.

Тогаш дедото го поучил внукот: „Никогаш не го заборавај ова што го виде денес. Оној чевлар ги прифати критиките на човекот што се жалеше од чевлите. Овој човек до нас не сакаше ни да се помести.

Луѓето кои извршуваат некоја корисна задача не им пречи да прифатат критика за својата работа и да се подобрат.

Но, луѓето кои не работат ништо корисно секогаш мислат дека се многу важни и својата неспособност ја кријат зад авторитетот кој сакаат да го наметнат.

Најважното во комуникацијата е да го слушнеш она што не е кажано.“

Би можело да ве интересира:

„Златно море, ти во Дојран ќе одиш“ – ми се гади од бесчувствителните коментари на луѓето Да се разбереме – немам ништо против луѓето што одат на море и немам намера да к...
10 причини зошто добрите жени поминуваат најлошо во животот Добрата жена не знае да каже 'НЕ'. Добрата жена ќе подголтне и нема да се кара. ...
До сите родители кои треба да им ја кажат вистината за Дедо Мраз на своите деца „Дедо Мраз постои, но тој не е старец со брада и црвен костим. Тоа е само нешто ...
Ми недостасува играњето надвор до доцна кај баба и дедо на село и ладната вечера Кога бев дете не го сакав крајот на летото и август. Тогаш си доаѓав дома од сел...
Елена Ристеска за CRNOBELO лексикон: „Љубовта на моите родители ми е пример како да се одржува однос... „Како дете двапати без повод бев нападната, меѓутоа толку многу ги тепав што на ...
Јавете им се на родителите, одете кај баба ви и дедо ви – не знаете колку време ви останува со нив Не можам да ви кажам што ќе ви донесе утрешниот ден, но можам да ви го кажам сле...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg