Работи кои секое утро си ги кажувам себеси
Секој ден се будев мислејќи на работите кои требаше да ги направам и одлуките кои не требаше да ги донесам, сѐ додека едно утро не сфатив дека времето ми поминало во грижа и каење за нештата кои никако не можам да ги променам.
Никој не е совршен и секој различно се спротивставува на животните препреки, но сите ги поминуваат на сосема ист начин: со сета своја сила, знаење и умешност.
Решив да ги променам моите мисли и да престанам да се будам со чувството на страв за нештата кои допрва ќе ми се случат, повторувајќи си ги овие 10 работи:
1. Грешките од минатото не ве одредуваат вас како личност. Не дозволувајте вчерашните настани да ве спречат да направите нешто волшебно денес. Учете и созревајте од грешките.
2. Вие не сте како вашиот татко, мајка, брат или сестра. Тоа не е навреда кон нив, но ако никој од вашите роднини не завршил факултет, тоа не значи дека и вие не треба да учите. Самите си го одредувате патот.
3. Има моменти во животот кога тешко донесувате одлуки. Но, знаете што? Понекогаш ќе донесете погрешни одлуки, а доброто е што сепак ќе научите нешто од нив. Донесените одлуки не можете да ги коригирате, а ако се држите за нив, тие само ќе ве спречат од носење на подобри одлуки во иднина.
4. Сите грешат. Не сте само вие, ниту пак сте единствени кои сте се нашле во одредена ситуација. Запомнете, не сте сами.
5. Вие сте доволно добри. Не е важно какви етикети досега ви ставале, ниту кои маани ви ги наоѓале. Не постои таква личност која може да ви ги потцени вредностите, освен вие самите.
6. Не го трошете своето време обидувајќи се некому да го освоите срцето. Вие сте многу подобри од тоа некому да сте втор избор.
7. Во ред е да побарате совет или помош.
8. Ако побарате совет, послушајте го. Не барајте некој кој само би се согласил со вас.
9. Не можете да промените сѐ преку ноќ. Славете ги малите успеси и сфатете дека секој мал чекор ве носи поблиску до остварување на сонот.
10. Ако вашиот сон е преголем, не значи дека не може да стане реалност. Не размислувајте на соништата, туку започнете да правите план како да ги остварите.