10 Работи на кои ја научив ќерка ми пред да влезе во пубертет

Живееме во време кога убавото и нежното ја губи својата смисла, а сѐ повеќе се истакнува некултурата и површноста.

10-raboti-na-koi-ja-nauciv-mojata-kjerka-pred-pubertet-1--

За да ги научиме своите ќерки поинаку, мораме да вложиме многу труд и често да им ги повторуваме токму овие работи уште пред да влезат во пубертетските години:

1. Колку е обожавана

Докажете ѝ на вашата ќерка дека токму таа е центарот на вашиот свет и најважната личност во вашиот живот.

2. Како да готви

Уште од мали нозе ја учев мојата ќерка како да ужива во кујната, да експериментира и како да го засака готвењето. Секоја девојка мора да знае да ги готви оние мали оброци како јајца, тестенини, тост или сендвичи.

3. Да се подготви за физичките промени

На мојата малечка ѝ посветив долги часови со разговори објаснувајќи и што ја очекува понатаму во пубертетот. Освен на физичките промени, таа ќе наиде и на емоционални промени, а за тоа мора добро да се подготви.

4. Лошото влијание на пороците

Без разлика каде живеете, дрогата секогаш ќе биде закана за вашите деца. Никогаш не е прерано за разговор околу дрогата, па не чекајте да биде предоцна за истиот. Дајте ѝ целосна поддршка и докажете ѝ дека секогаш може да ви се обрати за каков било проблем.

5. Животни факти

Подобро да чуе од вас, отколку од децата на игралиште. Со лесен разговор без премногу детали објаснете и за телесните функции, па така нема да биде мета на лаги и искушенија.

10-raboti-na-koi-ja-nauciv-mojata-kjerka-pred-pubertet-2

6. Мора да биде свесна за околината

Ако сакате вашата ќерка да израсне во примерна девојка свесна за себе и светот околу неа, не ја затворајте во стаклено ѕвоно. Кажете ѝ дека на светот постојат луѓе кои се несреќни и нив им треба малку помош за да имаат подобар ден. Научете ја секогаш да се грижи за беспомошните не очекувајќи ништо за возврат.

7. Парите не паѓаат од небо

Научете ја дека ништо не е бесплатно. Нека биде свесна дека парите не се најважна работа на светот, но без работа и труд нема да стекне пари и така нема да си ги исполни соништата и желбите. Уште од малечка, таа мора да знае како да располага со парите и како да ги заштеди.

8. Изгледот е важен

Иако на луѓето не треба да им се суди според нивниот изглед, сепак таа секогаш треба да изгледа убаво. Ја научив ќерка ми дека мора да ја негува својата убавина и секогаш да биде дотерана.

9. Не се сите добри и чесни

Разговарајте со вашата ќерка и објаснете и какви луѓе постојат и како да се справува со нив. Вие сигурно до сега сте поминале многу и сте сретнале разни карактери, па не морате да ја оставате ќерка ви сама туку подучете ја.

10. Животот не е лесен

Понекогаш ќе се најде пред некоја пречка која ќе ѝ докаже дека животот е суров. Кога ќе излезе од безгрижното детство, подгответе ја дека животот е составен од убави и лоши моменти и таа мора да се справува со истите.

Можеби вас не ве воспитале на овој начин, но тоа не значи дека вашата ќерка не треба да ја научите на овие животни лекции. Помагањето на децата да израснат во здрави личности е работа на родителите.

Како вие би ги воспитале ќерките?

Би можело да ве интересира:

„Ноќта кога почина мајка ми сфатив што е вистинска љубов - ми покажа татко ми со кого беше 55 години... „Јас сум среќен вечерва, а знаете ли зошто? Затоа што таа замина пред мене. ...
Емотивно писмо до сите што ги загубиле родителите: „Зборувајте за оние што заминале, така тие ќе жив... Во првите денови по загубата, се чини дека солзите никогаш нема да преисушат, а ...
Лила за CRNOBELO лексикон: „Сакав да студирам медицина, се гледав себеси како хирург“ „Немам комплекс, а баш би сакала да имам некој комплекс на море“ - Лила Филиповс...
„Кога мајка ми дојде на гости, ми ги зготви сите омилени јадења и домот ми беше беспрекорно чист“ „Си играше со моите деца, беше до продавница, го прошета кучето... Се прашувам з...
Мали мудрости на кои може да нè научат само нашите мајки Мајка ми велеше: „Ако веќе разговараш со оние што не те сакаат, тогаш тоа нека б...
Секој маж може да добие дете, но тоа не го прави „татко“ Биолошкиот родител претпоставува дека ја заслужил љубовта на своите деца само за...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg