Друштво на пуст остров

Ајде малку да се ве насмееме! 

drustvo-na-pust-ostrov-001.jpg

 Што ќе се случи доколку на пуст остров одведете група на луѓе составена од:

  • двајца Французи и една Французинка,
  • двајца Германци и една Германка,
  • двајца Грци и една Гркинка,
  • двајца Англичани и една Англичанка,
  • двајца Македонци и една Македонка,
  • двајца Ескими и една Лапонка,
  • двајца Јапонци и една Јапонка,
  • двајца Кинези и една Кинеска,
  • двајца Хрвати и една Хрватицаа,
  • двајца Албанци и една Албанка,
  • двајца Американци и една Американка,
  • двајца Ирци и една Ирка,
  • еден Евреин и две Еврејки.

Еден месец подоцна, на тој чудесен остров многу работи се случиле:

Едниот Италијанец го убил другиот заради Италијанката.

Двајцата Французи и Французинката среќно си живееле во тројка.

Двајцата Германци стриктно се придружувале до неделниот распоред на наизменични посети кај Германката.

Двајцата Грци во меѓувреме се зближиле и почнале да спијат заедно, а Гркинката им чистела и готвела и се надевала да помине некој брод да ја собере.

Двајцата Англичани чекале трет, за да ги запознае со Англичанката.

Двајцата Македонци и Македонката веднаш се активирале политички. Тројцата основале седум политички партии: двајцата Македонци и Македонката основале Внатрешна македонска партија за задржување на националниот идентитет, Македонката основала Друштво на Македонки во странство, двајцата Македонци основале Комунистички сојуз на Македонците во дијаспората, едниот Македонец и Македонката основале Социјал демократски сојуз за влез во ЕУ и НАТО за шест месеци, другиот Македонец и Македонката основале Трајна Македонска Радикална Организација за неменување на името, едниот Македонец основал Конзервативна партија за промоција на трето дете, а другиот основал Либерална партија за разбирање на разликите. Заради веќе споменатите политички активности немале време за ништо друго.

Двајцата Ескими долго време гледале во бескрајната океанска шир и во Лапонката, па се одлучиле да отпливаат.

Двајцата Јапонци испратиле факс во Токио со кој побарале инструкции. И додека чекале одговор, под некоја палма, Јапонката секој ден се депилирала.

Двајцата Кинези отвориле ресторан/билна аптека/дисконт за пијалоци/мини-маркет/перална и успеале на Кинескињата да и’ направат близнаци за да имаат доволно работна сила за бизнисот.

Двајцата Хрвати и Хрватицата се заангажирале отворајќи институции: Хрватски историски институт, Хрватска академија за историјата на Хрватите, Хрватски центар за истражување и собирање на научни докази за постоењето на Хрватите, Хрватска академија за научно докажување на потеклото на хрватскиот јазик, Хрватска катедра за истражување на хрватската литература надвор од границите на државата, Хрватски унирвезитет за научна археологија, Матица на хрватите надвор од Хрватска - за полесно контактирање со матицата во Хрватска.

Албанката носела четворка. Албанците во шумата основале камп за воени вежби за да ги напаѓаат македонските партии. Пукале секој ден за да можат да зборуваат на албански, иако тоа никој не им го забранувал. Во паузите пукале бидејќи очекувале свадба, сунет, роденден или нешто слично.

Двајцата Американци во почетокот сериозно размислувале за предностите на самоубиството, бидејќи Американката многу се грижела за своето тело и се борела за полова рамноправност, па почнала да им зборува за нејзината последна посета на психијатар, за нејзиниот последен дечко, за правата на жените во Америка, за победелбата на домашните обврски, почнала да зборува за односот спрема мајките, па се свртела и на политички и историски прашања, а завршила со населувањето на американскиот континет, по што Американците не се самоубиле, туку отвориле биро за информирање.

Двајцата Ирци отвориле бар и почнале да пијат виски од кокос. Бидејќи оттогаш не биле отрезнети, на Англичаните не им било тешко да ги убедат Ирците дека тие го поделиле островот на северен и јужен. Од мака и Ирката почнала да пие.

Едниот Евреин и двете Еврејки направиле се за да го исполнат Божјиот заповед: „Множете се и наполнете ја Земјата.“ Првиот ден Евреинот отворил берза, вториот ден банка, третиот ден супермаркет, четвртиот ден туристичка агенција, петтиот ден филмско студио, шестиот ден Еврејско друштво за заштита на Евреите во иселеништво, седмиот ден се одмарал со двете Еврејки и размислувал, како еден ден откако ќе се врати во „Ветената земја“ ќе даде доброволен прилог за некоја синагога.

Има вистина?

Би можело да ве интересира:

Со друштвото си ги купивме најгрдите маички за Нова година наместо убави подароци (и пресреќни сме) Иако идејата тргна од мене, сите мои пријатели сфатиле дека треба да купат грди ...
Македонската естрада се разбуди од „зимски сон“ - браво, ме вративте во најубавите времиња на нашата... Времето на хибернација заврши, а македонската естрада како да се разбуди од „зим...
Кире Лазаров за CRNOBELO лексикон: „Кошарка ми е омилен спорт, обожавам македонска народна музика“ „Многу сакав да играм џамлии и фудбал на улица со другарите. А бев голем бељаџиј...
Приказни на Македонец - рецепционер во хотел: „Сомнителен маж ме демнеше преку прозорецот додека раб... Нешто после полноќ, на безбедносните камери видов млад дечко пред хотелот... Ме ...
„Ќе дојде тетка ти од Србија, ти бриши ги прозорците, заедно ќе го исчистиме фрижидерот“ Ние како и секоја нормална македонска фамилија, ја исчистивме куќата, се искарав...
Приказни на Македонец – рецепционер во хотел: „Маж доживеа епилептичен напад и побегна од лобито, ос... „Во хотелот влезе човек и ме замоли да му го наполнам телефонот. Прифатив, но од...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg