По примерот на Ганди: Секоја навреда може да се „изврти“ во ваша корист
Кога Ганди студирал право на колеџот во Лондон, имал професор со презиме Питерс, кој бил непријателски настроен кон Ганди. Но, Ганди никогаш не ја спуштил главата пред неговите „аргументи“ кои биле многу чести.
Еден ден, господинот Питерс ручал во трпезаријата на универзитетот и Ганди му се приближил со храна во рацете и седнал до него.
Професорот, со огромна доза на ароганција, рекол: „Господине Ганди, вие не разбирате... Свињата и птицата не седат заедно да јадат.“
Не тоа Ганди му одговорил: „Не грижете се, јас ќе одлетам.“
Господинот Питерс, зелен од бес и лутина одлучил да му се одмазди на следниот тест, но Ганди реагирал извонредно на сите прашања.
Тогаш, професорот му го поставил последното прашање: „Господине Ганди, ако одите по улица и пронајдете пакет во кој има мудрост и пакет во кој има пари, кој од нив ќе го земете?“
Без мислење, Ганди одговорил: „Тој со парите, нормално.“
Господинот Питерс се насмевнал и му рекол: „Јас на ваше место би ја земал онаа вреќа во која е мудроста...“
„Секој човек го зема она што му е потребно,“ одговорил Ганди.
Господинот Питерс, веќе хистеричен од лутина, на тестот му напишал „идиот“ и му го предал на Ганди. Тој го земал и седнал на место.
Неколку минути подоцна, Ганди повторно се доближил до професорот и тивко му рекол: „Господине Питерс, го потпишавте тестот, но заборавивте да ми ставите оцена...“
*Оваа приказна е хумор кој ви докажува дека се може да се изврти во ваша корист.