Моќта на малите нешта

Мирно седам на троседот и будно разгледувам - од левата страна тој, со затворени очи и рака на мојата нога, а од другата мачката која испушта некој чуден звук, најверојатно од милина.

mokta-na-malite-nesta-01

Благо си се насмевнав, одбивајќи овој момент засекогаш да замине.

Кога за последен пат вие сте го имале тоа чувство?

Да, во право сте, помина извесно време. И тогаш сфаќате колку сте пропуштиле.

Колку пати пропуштавте да го бакнете човекот во постелата, пред да заминете на работа? Изморени, во брзање или налутени, еден ден ќе зажалите за тоа.

Ќе зажалите за секоја насмевка која не му ја возвративте, за секоја искра во очите која ја изгаснавте, само затоа што бевте зафатени со неважниот телефонски повик.

Време е да разберете дека сè во животот е мало и ситно, но скапоцено.

Скапоцена е секоја порака со содржина „Те сакам,“ која не продолжува со „затоа што.“

Бесценет е секој бакнеж на челото или раката, проследен со добро познат мирис и совршената топлина која веќе долго време не сте ја почувствувале на друго место.

Убавината е во чоколадата која ви ја купил, а не била на листата која му ја напишавте.

Исто е и со песната која ви беше хит кога се запознавте. И ете, неколку години подоцна тој ви ја пее тивко, смирено, баш како тогаш.

По извесно време настанува и пријатна тишина која само вие двајца ќе ја разберете, баш како ние во моментов.

И кога повторно ќе го посакате светот составен од големи цели, достигнувања и вечен хаос, сетете се на овој момент.

Сетете се на смиреноста и удобноста, благо насмевнете се и не се помрднувајте додека можете. Фатете ја неговата рака и спокојно потонете во идеалниот свет на малите нешта.

М.Д | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Mи недостига снегот во декември, мавањето со снежни топки на големите одмори и празничната еуфорија ... Се сеќавам дека од тезгите на градскиот плоштад купувавме честитки. Оние од по 3...
Во свет каде што не се гледа бесконечниот, тежок товар на мајките, вие го забележавте... „Ти си прекрасна мајка“, ми кажавте откако си зедовте за право да ми помогнете в...
Мали мудрости на кои може да нè научат само нашите мајки Мајка ми велеше: „Ако веќе разговараш со оние што не те сакаат, тогаш тоа нека б...
Се скарав со најдобрата другарка, егото не ми дава да ѝ попуштам - Како уништивме 15 години пријател... „Плачев зашто не ми беше сеедно, зашто работите се менуваа, зашто наместо да има...
„Порака до швалерката на мојот маж: Не ни сонував дека еден ден ќе ти бидам благодарна“ „Неговото неверство ме повреди на начин на кој не можев ни да замислам, но ме ск...
Емотивно писмо до сите што ги загубиле родителите: „Зборувајте за оние што заминале, така тие ќе жив... Во првите денови по загубата, се чини дека солзите никогаш нема да преисушат, а ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg