Приказна која ќе ве натера да размислите: Колку чини љубовта?
Еден трговец седел на масата во својата отмена продавница и ги набљудувал минувачите. Едно девојче се приближило и го залепило носето на излогот.
Нејзините небесно сини очи радосно заблескале кога здогледала еден од изложените предмети. Влегла во продавницата и одлучно со прстот покажала на тиркизниот ѓердан.
„Тоа е за мојата сестра! Може ли да ми ја спакувате како подарок?“
Трговецот со неверување го погледнал девојчето и го запрашал:
„А колку пари имаш, малечка?“
Таа се подигнала на прстињата, ја ставила на пултот металната кутија, ја отворила и ја истурила. Имало неколку метални парички, некои ситници, неколку школки и една фигура.
„Ќе биде ли ова доволно?“ - прашало девојчето. „Сакам на мојата сестра да ѝ купам подарок. Откако ја немаме мама, таа ги завршува сите работи дома и нема ниту малку време за себе. Денес ѝ е роденден! Сигурна сум дека многу ќе се израдува ако добие подарок, нејзините очи се исти како овие скапоцени камчиња“.
Трговецот отишол во малата просторија и во златно - црвена хартија ја завиткал кутијата со ѓерданот.
„Земи ја и внимателно однеси ја“ - му ја подал на девојчето.
Тоа го земало подарокот и како победнички пехар, гордо и со насмевка излегло од продавницата.
Еден час подоцна, во продавницата влегла преубава девојка со коса во медова боја и прекрасни сини очи.
На пултот ја ставила кутијата која претходно трговецот му ја даде на малечкото девојче и го запраша:
„Дали ова е од вашата продавница?“
„ Да, госпоѓице“.
„Дали ќе бидете љубезни да ми кажете колку чини?“
„Во мојата продавница цените се од доверба и се однесуваат само на мене и моите купувачи“. „Мојата сестра имала некои ситни парички и сигурно не можела да плати нешто толку скапо, како овој ѓердан“ - додала девојката.
Трговецот ја затворил кутијата, повторно ја спакувал и ѝ ја вратил на девојката.
„Вашата сестра ја плати највисоката цена - даде сè што имаше!“