Кој победува во борбата која сите ја водиме?

Младо момче, кое било дел од африканско племе, видно луто и растажено му пришло на својот дедо и му раскажало како едно друго детенце било неправедно кон него.

bezvremenska-prikazna-koj-pobeduva-vo-borbata-koja-site-ja-vodime-01

Дедото, низ горка насмевка, започнал да му раскажува:

И јас понекогаш чувствувам омраза кон оние кои многу земаат, кои не жалат за своите дела. Но, омразата тебе те уништува, а не го повредува твојот непријател.

Омразата е како да земеш отров и да чекаш некој друг да умре. Многу пати сум се борел со тоа чувство.

Тоа е како да имаш два волка во тебе.

Едниот е добар, не повредува, живее во согласност со опкружувањето, се бори само кога има простор за тоа. Тој е полн со љубов, мир, радост, надеж и љубезност.

Другиот пак, е волк полн со бес. И најмалата ситница го вади од такт, со сите е во постојана борба, па дури и без причина. Тој не може да мисли, затоа што е заслепен од омразата. Тој е спој од лутина, љубомора, завист, лаги и инфериорност.

Некогаш, тешко e да живееш со два волка во тебе. Еве моите, на пример, се во постојана битка кој да доминира со мојата душа. Нивната борба никогаш не престанува!

Момчето исплашено, но искрено прашало: Дедо, а кој ќе победи?

Оној кој ќе го храниш почесто, низ насмевка му одговорил.

Би можело да ве интересира:

„Порака до швалерката на мојот маж: Не ни сонував дека еден ден ќе ти бидам благодарна“ „Неговото неверство ме повреди на начин на кој не можев ни да замислам, но ме ск...
Спомен што секогаш ми измамува насмевка: Тоше и Дејан Лилиќ правеа склекови, а јас ги фотографирав Моите спомени поврзани со Тоше никогаш не се тажни. Напротив, ми измамуваат насм...
„Ноќта кога почина мајка ми сфатив што е вистинска љубов - ми покажа татко ми со кого беше 55 години... „Јас сум среќен вечерва, а знаете ли зошто? Затоа што таа замина пред мене. ...
Ми недостасува играњето надвор до доцна кај баба и дедо на село и ладната вечера Кога бев дете не го сакав крајот на летото и август. Тогаш си доаѓав дома од сел...
Мали мудрости на кои може да нè научат само нашите мајки Мајка ми велеше: „Ако веќе разговараш со оние што не те сакаат, тогаш тоа нека б...
До сите родители кои треба да им ја кажат вистината за Дедо Мраз на своите деца „Дедо Мраз постои, но тој не е старец со брада и црвен костим. Тоа е само нешто ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg