12 работи за кои заборавивте да ѝ се заблагодарите на вашата мајка

Можеби звучи како патетично клише, но обидете се да си го замислите денот без вашата мајка. Невозможно, нели?

12-raboti-za-koi-zaboravate-da-i-se-zablagodarite-na-vasata-majka-01

И додека сте во секојдневна гужва, во постојана трка со времето, среќата, успехот и љубовта, не заборавајте да ѝ се заблагодарите. Искрено и спонтано.

Зошто?

1. За секојпат кога таа беше ваша најдобра пријателка, психијатар, фризер и советник кога никој друг не можеше да ви помогне.

2. За секое простување кога заборававте да ѝ се јавите.

3. За секоја детално ислушана ваша драма и покрај тоа што ја чекале уште најмалку 3 важни работи.

4. Затоа што таа е личноста во која утре вие сакате да се претворите!

5. Затоа што има неверојатни заштитнички способности.

6. За сите пати кога викавте по неа само за да ви ја најде омилената маица, капа, џемпер, шал и што уште не. И на крајот, секогаш магично ви го носеше она што ви недостасуваше.

7. За сите домашни јадења во кои буквално се давевте од убавина.

8. За издржливоста и упорноста која ја имаше додека бевте во неподносливата средношколска фаза.

9. За вашите браќа и сестри кои неизмерно ги сакате.

10. Затоа што таа секогаш беше ваш најголем и најверен фан, кога сите други мислеа дека си го трошите времето залудно.

11. За сите ситуации кога не успеавте да се разберете со вашиот татко, а таа без размислување одеше против него само за да ја врати насмевката на вашето лице.

12. Затоа што е најискрената личност која некогаш сте ја запознале.

Би можело да ве интересира:

„Кога мајка ми дојде на гости, ми ги зготви сите омилени јадења и домот ми беше беспрекорно чист“ „Си играше со моите деца, беше до продавница, го прошета кучето... Се прашувам з...
Мали мудрости на кои може да нè научат само нашите мајки Мајка ми велеше: „Ако веќе разговараш со оние што не те сакаат, тогаш тоа нека б...
„Ноќта кога почина мајка ми сфатив што е вистинска љубов - ми покажа татко ми со кого беше 55 години... „Јас сум среќен вечерва, а знаете ли зошто? Затоа што таа замина пред мене. ...
Еден ден мајка ти нема да ти се јавува повеќе и ќе посакуваш таа да живееше подолго Еден ден мајка ти нема да ти се јавува повеќе. Еден ден ќе посакуваш таа да живе...
Во свет каде што не се гледа бесконечниот, тежок товар на мајките, вие го забележавте... „Ти си прекрасна мајка“, ми кажавте откако си зедовте за право да ми помогнете в...
Среќата за секого е нешто различно - за едни е совршено исчистен дом, за други лице без брчки „Родителите и децата се вртеа во соблекувалната на градинката. Мали принцези со ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg