Како нè лажеа кога бевме мали?
Кога сме биле мали, нашите родители ни кажувале бели лаги, за да не натераат да бидеме мирни, да јадеме, да учиме, да спиеме.
Ова се практикува и денес кај децата. Ние се сетивме на 10 најчести, вие слободно додадете повеќе во коментарите:
1. Ако мочкаш во базенот водата ќе поцрвени и сите ќе ти се смеат.
2. Ако не јадеш, ќе дојде чичко Старо Купуем и ќе те украде додека спиеш.
3. Ако не си добар, Дедо Мраз нема да ти донесе пакетче.
4. Ако пиеш кафе, ќе ти порасне опашка.
5. Ако си играш со огин, ќе мочкаш во гаќи
6. Ако јадеш чоколадо пред спиење, ќе ти се расипат забите.
7. Ако седиш на цемент ќе ти збори газот грчки.
8. Ако јадеш многу месо, касап за маж ќе земеш.
9. Ако се тегнеш додека јадеш, јадењето оди кај ѓаволот.
10. Ако гребеш по чинијата, ќе ти врне на свадба.
Е.П. | Црнобело