Приказна: Две кукли и 25.000 долари

Мажот и жената кои живееле во брак над 60 години, ниту еднаш не сокриле некоја тајна еден од друг. Биле среќни, се сакале, разговарале и си помагале еден на друг. Се чинело дека немале ниту една тајна.

dve-kukli-i-25000-dolari-01

Но, сопругата, тогаш веќе старица, чувала едно мало ковчеже во гардероберот и го прекорувала нејзиниот маж повеќе пати да не го отвора и да не прашува што има во него. Мажот ја почитувал нејзината желба, па така не ни се обидел да дознае што се крие во ковчежето, сè до денот кога неговата сопруга не ослабела и легнала на смртна постела.

Тажниот и несреќен маж почнал да размислува како ќе остане самец и почнал да разгледува предмети кои наумил да ги сочува за спомен, па во очи му паднал ковчегот. Го земал и го однел до креветот на кој лежела неговата сакана сопруга, која кога го здогледала ковчежето се насмевнала.

Со насолзени очи, гледајќи го својот сакан сопруг кој наскоро ќе го напушти, му рекла: “Сега можеш да го отвориш...”

Мажот го отворил ковчежето и во него пронашол две зашиени кукли, игли за шиење, конци и 25.000 долари. “Зошто толку години ги чуваш овие работи од мене?”

Со тивок глас му одговорила: “Кога се омажив мојата мајка ми откри дека тајната на совршениот брак е тоа да ги напушташ кавгите и препреките со кои се соочуваш секојдневно. Ме советуваше секој пат кога ќе ти се налутам, да земам една игла и конец и да сошијам по една кукла.”

На оваа приказна мажот речиси заплакал: “Само две кукли? Значи за 60 години во брак само два пати си била лута на мене?”

Иако бил тажен што жената лежела на постелата изнемоштена, со последни сили ја запрашал... “Добро, сега знам за куклите, но што е со овие 25.000 долари?”

Му одговорила, но со тешко срце, сокривајќи ги солзите за да не го растажи уште повеќе: “Тоа е сумата која ја заработив продавајќи кукли за овие 60 години...”

Би можело да ве интересира:

„Златно море, ти во Дојран ќе одиш“ – ми се гади од бесчувствителните коментари на луѓето Да се разбереме – немам ништо против луѓето што одат на море и немам намера да к...
Лила за CRNOBELO лексикон: „Сакав да студирам медицина, се гледав себеси како хирург“ „Немам комплекс, а баш би сакала да имам некој комплекс на море“ - Лила Филиповс...
Во свет каде што не се гледа бесконечниот, тежок товар на мајките, вие го забележавте... „Ти си прекрасна мајка“, ми кажавте откако си зедовте за право да ми помогнете в...
Тијана Дапчевиќ за CRNOBELO лексикон: „Му скршив заб на девојче во петто одделение“ „Kога сум била во градинка, на 4-5 години, сум зела вазна со вода, сум се полила...
Седев сама на гинеколошка онкологија во Скопје и ми се плачеше „Тргнав утрово на скопската клиника, а нозете ми се враќаа назад. Не сакав никој...
Ми недостасува играњето надвор до доцна кај баба и дедо на село и ладната вечера Кога бев дете не го сакав крајот на летото и август. Тогаш си доаѓав дома од сел...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg