Пријателот се познава во неволја
Се шетале во шума двајца пријатели кога пред нив излегла мечка. Едниот од нив почнал да трча да бега и се качил на најблиското дрво. Другиот легнал на земја и останал мирен.
За момент престанал и да дише за да ја одврати мечката од себе.
Мечката го помирисала, го набљудувала кратко и потоа се оддалечила. Човекот и понатаму останал да лежи на земја.
Кога се уверил дека мечката заминала, пријателот кој бил качен на дрвото се симнал и му пришол на другиот. Среќен што и двајцата останале неповредени и што мечката си заминала, насмеан и на шега го прашал легнатиот другар: „Еј дај кажи што ти шепна мечкана на увце?“
„Ми кажа дека правиот пријател не го напушта пријателот кој е во неволја.“