Дедо Мраз од инженерски аспект
Ако верувате во магијата на Дедо Мраз, ова инженерско гледиште сигурни сме дека ќе ве разубеди во спротивното.
Во светот постојат околу 2 милијарди деца (лица под 18 години). Но, бидејќи Дедо Мраз не ги посетува Муслиманите, Хиндусите, Евреи и Будисти, количината на работа за Нова година ќе се намали на 15%, или вкупно 378 милиони деца.
Според просекот од 3,5 деца по куќа, Дедо Мраз мора да посети 108 милиони домови, ако претпоставиме дека во секоја куќа постои барем едно добро дете.
Дедо Мраз има околу 31 час на Божиќ, за да стигне на време секаде, заради различните временски зони и ротацијата на Земјата, претпоставувајќи дека патува од исток кон запад (по некое логично размислување).
Така добиваме дека Дедо Мраз посетува по 967,7 домови во секунда. Според тоа, за да го посети секој дом во кој има барем по едно добро дете, тој има околу илјадити дел од секунда за да ја паркира својата санка, да скокне, да се протне низ оџакот, да ги пополни чорапите, да го најде новогодишното дрво и да ги остави останатите подароци под него. Потоа ќе се врати низ оџакот до санката, за да продолжи до следната куќа.
Претпоставувајќи дека секоја од овие 108 милиони станици е на рамномерно растојание, зборуваме за растојание од околу 1,24 километри од куќа до куќа, од што произлегува вкупниот пат од 120,8 милиони километри, не сметајќи дека Дедо Мраз заминува до тоалетот или пак прави паузи за јадење и пиење. Според ова, брзината на санката на Дедо Мраз е околу 1080 километри во секунда (3200 пати поголема од брзината на звукот).
Товарот на санките е уште еден интересен елемент. Да претпоставиме дека секое дете не добива ништо повеќе од збир Лего коцки со средна големина (околу 860 грама). Тогаш вкупната тежина на товарот на санката на Дедо Мраз е малку повеќе од 500 илјади тони.
На копно, нормален ирвас не може да влече повеќе од околу 138 килограми, додека ирвасите на Дедо Мраз прикажано е дека може да повлечат повеќе од 10 пати. За тоа ќе му бидат потребни 360.000 летачки елени за да ја повлечат санката. Толкавиот број на ирваси ја зголемува севкупната тежина за уште 54 илјади тони.
Околу 600 илјади тони патуваат со брзина од 1080 км/секунда и создаваат огромен воздушен отпор – тоа ќе создаде до загревање на ирвасите кои едноставно нема да можат да го поднесат.
На кратко, изложувањето на живо суштество на толкава топлина има ефект исто како тоа да „испарило”. 360-те илјади ирваси ќе испарат за време од 4,26 илјадити дел од секунда,односно точно додека Дедо Мраз стигне до петата куќа во своето патување.
Дедо Мраз, како резултат на забрзувањето од 0 километри до 1080 километри во илјадити дел од секунда, би бил изложен на силни сили кои едноставно нема теорија некое живо суштество да ги поднесе. Дедо Мраз, кој е на крајот на санката, брзината ќе го истурка така што нема да може да го спречи дробењето на сите негови коски и органи.
Според тоа, и ако некогаш Дедо Мраз постоел, до сега е сигурно мртов.
Среќна нова година!