10 нешта кои сите сме ги правеле во детството
Детство. Дел од животот кој е заслужен за тоа какви ќе бидеме кога ќе пораснеме. Кога патиките што светкаа беа најголемо богатство.
Кога секоја секунда помината на улица со другарчињата беше значајна.
И без оглед на тоа дали сте пораснале во кафанска пејачка или угледен адвокат, како деца, сите имавме нешто заедничко. Што?
1. Еурокрем – детската среќа собрана во тегла или пластична чашка. Нема дете кое не се мачкало по цело лице со еурокрем и не ја празнело теглата со прст.
2. Степ лајт – каде имало во тоа време избор на сокови? Се знаеше – сите лижеме степ лајт, со вода или без.
3. Проблеми со висината – ех кога имавте само 90 сантиметри? Па кога за што и да посакавте да земете од плакарчињата во кујната моравте да ставите столче. И за да и помогнете на мајка ви во миењето садови.
4. Грицкање нокти – си седиш пред телевизор, си гледаш Флинстонси на Cartoon Network и си грицкаш нокти, живци и што ти дојде при рака.
5. Поставувањето невозможни прашања – „Мамо, мамо, а како тоа Адам и Ева не ги родила мајка?“, „Тато, зошто не можеш да го поправиш светлото ако си Супермен?“ “Тато, а зошто јас никогаш не можам да го видам Дедо Мраз со тебе заедно?“ И уште милион други прашања наменети за нашите родители.
6. Одење во школо. Нема дете кое не ги броеше деновите до први септември. Внимателно ги виткавме книгите во специјална хартија, спремавме комплети со моливи, фломастери и пенкала...
7. Детските игри. Сите барем еднаш во животот сме играле жмурка, ластик, џамлии, народна, претвори се – претвори се, џамија, штркот бара боја, цигари, збирам фото, каладонт...
8. Албуми со сликички. Машките собираа сликички од фудбал и НБА, Space Jam, а девојчињата АВ-АВ, Барби, Сара Кеј...
9. Салфетки, ливчиња, џамлии, на тапка. Додека девојчињата се менуваа со салфетки и шарени ливчиња, машките играа џамлии и на тапка.
10. Првата симпатија. Сите ја памтиме првата симпатија. Дали сте пријатели и денес?
Сигурно се сетивте на уште многу заеднички работи од детството. Споделете ги со нас во коментарите.