Патот за Авонли - спомени од детството

Неодамна случајно налетав на некоја епизода од „Патот до Авонли“. Ова беше една од сериите на моето детство.

patot-za-avonli-spomeni-od-detstvoto-01

Беа тоа времиња кога и на распуст имавме причина плус да станеме во 8.30 за да ја изгледаме дневната доза од секојдневието на Сара и Џо Питс, Гас Пајк, Фелисити, Сесили, Хети Кинг. Авонли беше едно идилично гратче во кое сите си живееја по своја приказна.

Ми текнува уште на првата епизода, кога ја донесе татко и на Сара во Авонли - колку ја мразев Хети тогаш за потоа да стане еден од омилените ликови!

Патот за Авонли е најгледаната канадска серија на сите времиња. Како потврда на големата популарност и квалитет ,серијата има освоено 15 ЕМИ награди и безброј меѓународни пофалници.

На кратко:

Сара е главен лик во првите сезони кога живее и учи во Авонли, каде Хети предава како учителка во училиштето за потоа да замине во Европа на патување и на крајот да се врати во последната епизода.

По заминувањето на Сара, Хети ќе ги посвои близнаците Дејвид и Дора. Оливија е тетката која секогаш ќе дава најдобри совети, која работи како новинарка во почетокто и така го запознава чудниот и несмасен Џаспер и се жени со него.

Алек и Џенет Кинг живеат со своите четири деца на фарма близу куќичката на Хети и Оливија. Нивната најстара ќерка Фелисити од мала го живее светот на возрасните, поставувајќи се супериорно над другите деца и во почетокот е постојано љубоморна на братучетката Сара. Понатака таа се вљубува во рибарот Гас Пајк и на крајот се мажи со него и основа сиропиталиште за деца во Авонли.

Феликс е најнемирното дете од фамилијата Кинг, тој е темпераментен, често запаѓа во неволји и прави глупости. Во текот на серијата, тој се вљубува во Изи, девојка која сака да стане женски офицер, а на крајот, Феликс заминува да работи во морнарица.

Сесили е најмирната ќерка на семејството Кинг, таа е целосно посветена на фармата и чувањето на најмалото братче Даниел, а во текот на серијата, се разболува од туберколоза и оди на лекување во санаториум.

Гас Пајк е морнар, кој живее лесен едноставен живот и е во постојана потрага по неговите родители. Тој се вљубува во Фелисити, меѓутоа по еден ураган, сите мислат дека е мртов. На крајот на серијата, го пронаоѓаат и серијата завршува со венчавката на Фелисити и Гас.

Цело едно детство, цела една бура од спомени ми враќа патот кон Авонли!

patot-za-avonli-spomeni-od-detstvoto-1

patot-za-avonli-spomeni-od-detstvoto-2

patot-za-avonli-spomeni-od-detstvoto-3

patot-za-avonli-spomeni-od-detstvoto-4

patot-za-avonli-spomeni-od-detstvoto-5

patot-za-avonli-spomeni-od-detstvoto-6

patot-za-avonli-spomeni-od-detstvoto-7

patot-za-avonli-spomeni-od-detstvoto-8

patot-za-avonli-spomeni-od-detstvoto-9

Е.П. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Златно море, ти во Дојран ќе одиш“ – ми се гади од бесчувствителните коментари на луѓето Да се разбереме – немам ништо против луѓето што одат на море и немам намера да к...
Секој маж може да добие дете, но тоа не го прави „татко“ Биолошкиот родител претпоставува дека ја заслужил љубовта на своите деца само за...
Во свет каде што не се гледа бесконечниот, тежок товар на мајките, вие го забележавте... „Ти си прекрасна мајка“, ми кажавте откако си зедовте за право да ми помогнете в...
Среќата за секого е нешто различно - за едни е совршено исчистен дом, за други лице без брчки „Родителите и децата се вртеа во соблекувалната на градинката. Мали принцези со ...
Сара Мејс за CRNOBELO лексикон: „Бев тешка бубалица, плачев кога ќе добиев 5 минус“ „Правев некој експеримент по хемија со памукчиња - ги потопував во разни видови ...
„Кога мајка ми дојде на гости, ми ги зготви сите омилени јадења и домот ми беше беспрекорно чист“ „Си играше со моите деца, беше до продавница, го прошета кучето... Се прашувам з...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg