Најдете време за...
Да, времето е ограничен ресурс. Но, секогаш кога ќе сакате да кажете дека немате време да се видите со пријателите, да ги посетите родителите, да сработите нешто, да излезете со старото друштво, да отпатувате...сетете се на ова:
Најдете време:
За работа, затоа што тоа е цената на успехот.
За размислување, затоа што тоа е извор на моќта.
За игра, затоа што тоа е тајната на младоста.
За читање, затоа што е основа на мудроста.
За смеење, затоа што насмевката е музика за душата.
За сонување, затоа што тоа е патот кон ѕвездите.
За грижа за другите, затоа што денот е краток за себичност.
За пријателство, затоа што тоа е патот до среќата.
Имајте време да сакате и да бидете сакани, затоа што љубовта е привилегија од боговите.