10 работи на кои нè научиле мајките
Има ли нешто поскапоцено на светот од тоа да се биде мајка? Сигурно ги памтите многубројните песни и раскази на тема „мојата мајка“ од школските денови.
Бројните честитки рачно направени за 8ми март. Секоја утринска прегратка и бакнеж за добра ноќ.
Ова се 10 работи кои не научиле мајките:
1. Дека може да бидете најдобри пријателки.
Мајката нè учи дека може истовремено да ни биде најдобра пријателка и родител истовремено. Таа ќе ве научи дека и најголемите проблеми во животот се решаваат со искрен разговор и несебична прегратка.
2. Да не се трудите и нервирате за небитните нешта во животот.
Најдобриот совет што може да се добие од мајка е дека сами си ја креираме судбината. Ако се нервирате за оние небитни работи во животот, ќе следуваат милион фрустрации и разочарувања. А, ако се ангажирате околу важните одлуки, животот ќе стане посуштински. Па што ако ќерка ви/син ви не сака да јаде боранија? На крајот од денот ова е најмалку важно од се.
3. Како да ги балансирате семејството и работата.
Научивме од мајките дека може да се биде вработен надвор од дома и мајка/татко со полно работно време. Да се има еднакво ангажиран/а сопруг/а и воспитани деца секој ден на заеднички ручек, во домот исполнет со љубов и разбирање. Да се одвои време за хобија и активности во семејна атмосфера.
4. Дека не мора секогаш се да знаеме. Никој не е безгрешен.
Мајката умее да не успокои со совет – „во ред е да си признаме дека не секогаш ја правиме вистинската работа“. Носењето одлуки е можеби една од најтешките работи во животот. Човечки е да се згреши, а почовечно е таа грешка да се признае и исправи на време. На крајот на краиштата, од грешките учиме.
5. Да се грижиме за себе си.
И покрај сите обврски, мајката успева да не убеди дека грижата за себе си е неопходна. Никој нема да ве сака, ако не се сакате себе си. Вниманието за здравјето, фигурата, убавината е клучна состојка за самодовербата.
6. Да не заборавите на правилните навики.
Воглавно, навиката за читање книги речиси секој од нас ја наследува од мајката. Навиките за учење на време, за пријавување каде сте и со кого сте...истото ќе го правите и вие со вашите деца.
7. Да останете смирени и кога сте свесни дека се приближува бура.
Да го задржите спокојот и силата во моментот кога ќе нагрнат проблемите Од време на време, нервите попуштаат; но, на крајот, секогаш е важно да останеме со двете нозе цврсто на земјата. Ако вашата мајка успеала, зошто не би успеале и вие?
8. Секогаш да сме тука за луѓето што ги сакаме.
Мајката не учи на приоритетите во животот и како да се справуваме со истите. Родителството е токму тоа - издвојување на битното од небитното, селектирање на битните личности од небитните, жртвување на себе си за другите.
9. Да ги почитуваме сопствените деца.
Тоа што самите сме биле почитувани додека сме растеле, поеднакво треба да им биде пружено и на нашите деца. На секое дете му е потребна љубов, време, внимание, помош и почит.
10. Да го цениме најголемиот благослов во животот.
Да се биде родител значи да се биде благословен од Бога – да се прифати таа животна прошетка која почесто претставува еден вид на екстремно планинарење, но независно од тоа, да се согласиме дека животот е еден парадокс: еднаш сме нечие дете, еднаш нечиј родител. Тоа е убавината на живеењето...