Моќта на зборовите

mokjta-na-zborovite

Две мали кенгурчиња си играле во шумата и паднале во многу длабока дупка. Се обиделе да скокнат за да излезат од неа, но не можеле да скокнат доволно високо.

Во меѓувреме, поголема група кенгури почнале да се собираат околу дупката. Барале начин, кога еден од насобраните им довикнал на двете кенгурчиња дека е невозможно да излезат. Едниот ги слушнал овие зборови и после извесно време се откажал и заспал, додека другиот продолжил да скока и да се обидува уште повеќе.

Најпосле, успеал да скокне надвор од дупката. Насобраните биле шокирани и го запрашале:

„Кога ти кажавме толку многу пати дека е невозможно да излезеш, која беше причината што пробуваше уште поупорно?“

Кенгурот бил шокиран бидејќи бил делумно наглув. Тој им одговорил:

„Гледајќи ве сите вас овде собрани како седите и навивате, ми даде сила да успеам во мојата мисија“.

Би можело да ве интересира:

Лила за CRNOBELO лексикон: „Сакав да студирам медицина, се гледав себеси како хирург“ „Немам комплекс, а баш би сакала да имам некој комплекс на море“ - Лила Филиповс...
Емотивно писмо до сите што ги загубиле родителите: „Зборувајте за оние што заминале, така тие ќе жив... Во првите денови по загубата, се чини дека солзите никогаш нема да преисушат, а ...
Тијана Дапчевиќ за CRNOBELO лексикон: „Му скршив заб на девојче во петто одделение“ „Kога сум била во градинка, на 4-5 години, сум зела вазна со вода, сум се полила...
Скопски газда им скратил по 500 денари од плата на вработените за да направи новогодишна забава Вработените отишле на забавата, гневни затоа што треба сами да платат за сѐ, со ...
Од Македонија го пропатував половина свет - Што научив од моите соло патувања? Како да беа вчера деновиве кога сам кампував низ различни земји, кога без интерн...
„Мамо, заработи ли во странство доволно пари за да ми купиш ново детство?“ – трогателно писмо кое ќе... „На мои 4 години со тато отидовте во странство за да заработите за мојата иднина...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg