Мудра приказна: Три пеперутки
Три пеперутки летале до една запалена свеќа. Додека кружеле, започнале да се расправаат за природата на пламенот.
Првата пеперутка, откако се приближила многу блиску до пламенот, се вратила назад и рекла:
- Тој свети премногу јако.
Втората пеперутка се осудила да долета уште поблиску до пламенот, кога се вратила и рекла:
- Тој пече.
Третата пеперутка, долетала сосема блиску до пламенот, влетала право во него и веќе никогаш не се вратила назад. Таа го открила и научила она што сакала да го дознае, но веќе не можела да го соопшти никому.
Поука: Оној кој стекнува знаење, не наоѓа во себе потреба да зборува за тоа. И затоа важи поговорката – „оној кој знае молчи, а оној кој зборува – не знае“.