За син ми, кој нема ниту една година, а ме научи што е безусловна љубов – Ти благодарам!

za-sin-mi-koj-nema-nitu-edna-godina-a-me-nauchi-shto-e-bezuslovna-ljubov-ti-blagodaram-01_copy.jpg

Едно благодарам за син ми кој со своето постоење ме потсетува дека животот е убав...

Благодарам...

За тоа што уште немаш ниту една година, а за време на својот живот направи да ги почувствувам најсилните емоции во животот. Искрено, не можев да верувам дека јас можам некого толку безусловно да сакам.

За тоа што се будиш со насмевка на лицето и ме потсетуваш колку малку е доволно за среќа. Тебе на пример ти е доволна само една моја прегратка и тоа ме маѓепсува.

За тоа колку гласно и без прекин се смееш, како некоја мала кукла на навивање. И, се разбира, за дупчето на образот кое го имаш и ти е исто како моето (велам исто, мислам поубаво).

За тоа што личиш на мене кога си бараш внимание од луѓето. Да, да и од тие што воопшто не ги познаваш, па ќе им подвикнеш дури, па ќе им пуштиш „ишарет“ и тука никој не може да ти одолее.

За тоа што личиш на татко ти и си вистински вљубеник во спиењето. Спиење во кафеана со гласна музика? Ти го можеш тоа! Спиење на минус 5 степени во количка надвор – ти го можеш тоа.

За тоа што имаш навика така слатко да се пикаш во мене додека заспиваш и ми го даваш чувството дека само јас на светот сум ти потребна.

За тоа што ме милуваш по лицето со таква искра во очите.

За тоа што ме смееш со своите мудри тактики како да доползиш или да доодиш до некаде и да го грабнеш тоа што го сакаш.

Затоа што тоа што сè уште немаш некои способности, не значи дека ќе се откажеш (да, од оние најбаналните, грицкање плазма со едно запче – пресмешно е за гледање).

Затоа што си „скитник“ во душа, буквално ист како јас, излегуваш од вратата и веќе испушташ воздишки и звуци полни среќа и сè што гледаш по патот ти е возбуда - и небо и цвет и автомобил и дете – така се живее малечко мое, со љубов и страст кон животот.

За тоа што „ме трпиш“ кога те дотерувам во фармерки и те сликам по 101 пат, па дури и ми позираш.

За тоа што му се радуваш на татко ти толку заразно што ме потсетуваш и мене колку е добро што го имам/е во нашите животи.

За тоа што си толку мал, а толку на голема врата смени многу животи (првенствено мојот и на татко ти, но и на тетка ти и на дедо ти и на баба ти и на сите околу тебе).

И, за крај, ти благодарам што си тука, токму таков каков што си!

Кога те немаше, не знаевме дека си ни потребен, но сега без тебе не можеме животите да си ги замислиме.

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

С. С. | Црнобело / фото: Pinterest

Би можело да ве интересира:

„Златно море, ти во Дојран ќе одиш“ – ми се гади од бесчувствителните коментари на луѓето Да се разбереме – немам ништо против луѓето што одат на море и немам намера да к...
„Елката што ја украсуваме секоја година е многу стара, но за мене е посебна“ „Оваа елка е стара и има видено многу работи и многу ја сакам. Не би ја заменила...
Не можете да исплашите жена која научила да се бори сама Кога жената ќе научи да се бори сама, не зборуваме за физичка сила, туку за мент...
Елена Ристеска за CRNOBELO лексикон: „Љубовта на моите родители ми е пример како да се одржува однос... „Како дете двапати без повод бев нападната, меѓутоа толку многу ги тепав што на ...
Вашата „здодевна“ жена некому би му била секси љубовница „Вашата секси љубовница можеби е нечија здодевна жена, а вашата здодевна жена не...
Најубавите новогодишни честитки за 2024 што може да им ги испратите на саканите Сакате на драгите луѓе да им ја честитате новата година, но немате инспирација? ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg