Први април: Наместо ден на шегата, се претвори во натпревар кој повеќе пари ќе потроши за правење маска

Кога јас бев дете, едвај чекав да станам овој ден и да почнам со „лаги и шеги“ наменети за моите блиски, кажувајќи им несекојдневни работи кои ги смислував со денови однапред, а потоа сите заедно се смеевме и се натпреварувавме кој повеќе и подобри шеги ќе смисли. Но, се прашувам, а и мака ми е кога ќе помислам, што ќе памети моето дете?

prvi-april-namesto-den-na-shegata-se-pretvori-vo-natprevar-koj-povekje-pari-kje-potroshi-za-pravenje-maska-01.jpg

Денес е први април, денот кој треба да биде исполнет со разни шеги, смеење и исполнување со една посебна позитивна енергија.

Кога јас бев дете, едвај чекав да станам овој ден и да почнам со „лаги и шеги“ наменети за моите блиски, кажувајќи им несекојдневни работи кои ги смислував со денови однапред, а потоа сите заедно се смеевме и се натпреварувавме кој повеќе и подобри шеги ќе смисли.

И тоа е она што јас го паметам. Ја паметам смеата на баба ми и она интересно вртење со главата кога ми велеше: „Ах, пак ме прелажа“.

Но, се прашувам, а и мака ми е кога ќе помислам, што ќе памети моето дете?

Несомнено е дека времињата се променија и дека нашите деца чувствуваат многу бенефити од модерното време, но, сè повеќе се чини дека денот на шегата прерасна во вистински натпревар за тоа кој погламурозна маска ќе направи.

prvi-april-namesto-den-na-shegata-se-pretvori-vo-natprevar-koj-povekje-pari-kje-potroshi-za-pravenje-maska-02.jpg

Сè би било добро кога тие маски би биле направени од креативните раце на мајките кои во слободното време (па макар и недели однапред) би кроеле, шиеле и лепеле со своите деца, па додека создаваат маска би создале и еден куп спомени вредни за паметење.

Но, наместо тоа, тука се шивачките и оние кои декорираат за родендени, па пред први април подготвуваат различни групни маски за градинки, училишта, се купуваат разни додатоци, не се штедат пари зашто едноставно така треба и тоа станува сосема нормално.

Еден тон памук? Нема проблем! Скапи саксии, капи, чизми, чадори во разни бои… Па зошто да не?! А и оние кои ќе ги изработат, нормално дека ќе си наплатат за својот труд што го вложиле со своите вешти раце.

prvi-april-namesto-den-na-shegata-se-pretvori-vo-natprevar-koj-povekje-pari-kje-potroshi-za-pravenje-maska-03.jpg

А знае ли детето што всушност означува денот? Знае ли детето да каже некоја своја смислена шега, па да ве измами онака вешто со своите креативни „замки“?

Секоја чест на исклучоците, но денес се чини дека детето знае само дека ќе биде маскирано во крофна или саксија која ќе му тежи на половината, додека тоа самото ќе биде цветче.

Детето ќе биде цвеќе и без да има огромна саксија околу себе која треба да ја носи два-три часа шетајќи низ улицата или играјќи во дворот на училиштето.

Детето и онака ќе блесне во сиот свој сјај, дури и ако само ги обои своите рачиња во зелено, симболизирајќи ливчиња…

Дозволете му на детето да расцвета, да го доживее детството, наместо да му создавате непотребен товар кој и онака ќе му го донесе животот!

prvi-april-namesto-den-na-shegata-se-pretvori-vo-natprevar-koj-povekje-pari-kje-potroshi-za-pravenje-maska-04.jpg

Содржината и ставовите изразени во авторските текстови и колумни претставуваат лични ставови на авторот и не мора нужно да ги одразуваат ставовите на редакцијата на порталот CRNOBELO.com

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

М. Ѓ | Црнобело / фото: freepik.com

Би можело да ве интересира:

„Златно море, ти во Дојран ќе одиш“ – ми се гади од бесчувствителните коментари на луѓето Да се разбереме – немам ништо против луѓето што одат на море и немам намера да к...
Спомен што секогаш ми измамува насмевка: Тоше и Дејан Лилиќ правеа склекови, а јас ги фотографирав Моите спомени поврзани со Тоше никогаш не се тажни. Напротив, ми измамуваат насм...
Во свет каде што не се гледа бесконечниот, тежок товар на мајките, вие го забележавте... „Ти си прекрасна мајка“, ми кажавте откако си зедовте за право да ми помогнете в...
„Мамо, заработи ли во странство доволно пари за да ми купиш ново детство?“ – трогателно писмо кое ќе... „На мои 4 години со тато отидовте во странство за да заработите за мојата иднина...
Стефан Лазаров за CRNOBELO лексикон: „Ми ja дупнаа главата со стап како дете“ Се сеќавате ли на лексиконите што ги пополнувавме во училиште, но криевме кој ни...
„Кога мајка ми дојде на гости, ми ги зготви сите омилени јадења и домот ми беше беспрекорно чист“ „Си играше со моите деца, беше до продавница, го прошета кучето... Се прашувам з...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg