„Секогаш пофали ја храната што ти ја приготвува сопругата“: Совети од мајката до нејзиниот оженет син
Помини шест вечери со семејството, а една со пријателите - важно е за ментална рамнотежа.
Сине, сакам да знаеш колку те сакам и дека овие совети се израз на мојата безусловна љубов кон тебе:
1. Секогаш барај ме кога ти треба мојата помош.
2. Не ми се јавувај по 22:00 часот без причина. Тоа е време за тебе и твојата сопруга.
3. Не очекувај сопругата да се однесува како мене, тоа никогаш нема да се случи, бидејќи таа не те родила.
4. Редовно менувај ја четката за заби, таа е важна за хигиената и здравјето.
5. Избегнувај да ги споредуваш постапките на твојата сопруга со моите постапки. Никогаш не ѝ кажувај: „Мама правеше така!“, особено не „Мама го правеше тоа подобро!“
6. Не ми се жали за својата жена. Ти ја избра.
7. Не споделувај детали за претходните врски со сопругата.
8. Чувај само „безбедни“ информации во својот телефон, сè друго нека ти остане во главата, вежбај ја својата меморија.
9. Секогаш пофали ја храната што ти ја подготвува сопругата.
10. Секогаш дај ѝ комплимент за нејзината нова фризура. Дури и ако не ти се допаѓа, запомни: Косата не се заби, таа повторно ќе порасне.
11. Никогаш не ѝ кажувај на сопругата за кавгите што сме ги имале јас и татко ти во минатото. Тоа било многу одамна и никого го не засега.
12. Ако се разболам, посети ме барем еднаш неделно, тоа многу ќе ми значи. И донеси ми еклери кога ќе доаѓаш.
13. Кога ќе те прашам како функционира нешто на мобилниот телефон, не се нервирај. Сети се дека јас те научив многу, дури и како да го користиш тоалетот.
14. Добро запомни го ова: најважната жена во твојот живот сега е твојата сопруга, нагласувам - твојата сопруга.
15. Ако те праша дали поради новиот фустан изгледа дебело, секогаш кажи ѝ: „Секако дека не, ми се чини дека си ослабена“.
16. Ако жената ти каже дека цела вечер си зјапал во нејзината другарка, само кажи ѝ: „Па, да... гледав и се чудев колку се здебелила!“ Потоа барај ѝ што сакаш - ќе добиеш сè!
17. Ако твојата сопруга побара нешто (реновирање, пазарење, велосипед за вежбање, правосмукалка и слично), секогаш прифати дури кога ќе ти го побара тоа третпат.
18. Жената кога сака нешто првиот пат размислува гласно, вториот пат се прашува дали ѝ треба навистина, а ако каже и третпат, тогаш дефинитивно ѝ треба. Не го пропуштај третиот пат. Ако го направиш тоа порано, таа можеби веќе се предомислила, ако прифатиш подоцна, таа веќе ќе биде навредена...
19. Цвеќињата и слатките се задолжителни - жената не треба да бара, ти треба секогаш да ѝ ги купуваш.
20. Ако јас ти барам да направиш нешто, направи го тоа веднаш и биди сигурен дека јас веќе сум размислила трипати за тоа.
21. Никогаш не ги критикувај родителите на сопругата - запомни, тие ја воспитале жената што ја избра.
22. Помини шест вечери со семејството, а една со пријателите - важно е за ментална рамнотежа.
23. Секогаш посакај ѝ сè најдобро на сопругата на важни датуми, особено денот на вашата свадба и денот кога се запознавте. Тоа ѝ е важно на жената.
24. Кога ќе се вратиш дома, пред да ја отвориш вратата од домот, насмевни се.
25. Запомни дека ти си мерило за мир и сигурност на твоите сопруга и деца.
фото: freepik.com